Барај
14.
May
2021
БЛОГ
За да сме целосно подготвени за сите убавини што допрва доаѓаат, овој петок правиме преглед на најстилските фустани од нашите нови колекции кои се како создадени за оставање впечаток. Со олабавувањето на мерките дојде нова надеж дека можеби повторно ќе се радуваме на убавите настани кои порано ни беа секојдневие, а на кои последнава година целосно заборавивме.   Токму тие настани секогаш ни беа повод да ги направиме најубавите комбинации, односно, да ги промовираме сите оние фустани во кои се вљубивме на прв поглед.   За да сме целосно подготвени за сите убавини што допрва доаѓаат, овој петок правиме преглед на најстилските фустани од нашите нови колекции кои се како создадени за оставање впечаток.   Топлите пролетни денови секогаш асоцираат на забави на отворено, па иако се чини и оваа сезона можеби истите ќе не заобиколат, сепак, дефинитивно ќе се случи некоја од помали размери.   Кога говориме за свечените прилики, спојот на елегантно и тренди е дефинитивно нешто што секогаш се истакнува, па токму такви модели на стилски фустани ќе најдете во новите колекции на секој наш бренд.   Без разлика дали се работи за роденденот на вашата најдобра пријателка или пак можеби некоја мини свадба, не двоумете се и одберете впечатлив модел на фустан во кој благодарение на неодоливите материјали, ќе се чувствувате прекрасно.   Сите модели што ги издвоивме, па дури и оние што ги гледате на следниов линк, се во неодоливи свежи бои кои се како создадени за топлите денови што се пред нас.   Дел од изборот што го гледате се и омилените за ова лето, кошула-фустани со кои никогаш нема да погрешите, а од кои мора да имате барем еден примерок во вашиот плакар.   Истите се совршени за деновите кога сакате да оставите впечаток на работното место, а немате многу време наутро, но подеднакво се привлечни и за некоја мини прослава во вечерните часови.   За сите оние пак кои секогаш и се враќаат на класиката со модерен твист, нашите брендови повторно создадоа мали црни и бели фустанчиња во кои секогаш вреди да се инвестира без оглед на сезоната.   Одберете го вашиот фаворит од нашиот избор и оставете простор за мини шопинг овој петок во кој секогаш толку уживаме!    
07.
May
2021
БЛОГ
Доколку поради некоја причина на 8 – ми март не и го кажавте она што имавте на вашата мајка или пак не успеавте да ја израдувате со некој подарок, оваа недела е вистинскиот момент за тоа.
05.
May
2021
БЛОГ
Од денеска, во вашата омилена онлајн продавница Fashion Group во рамки на промоцијата Flash Deals ги ставивме најубавите парчиња за топлата сезона што е пред нас, на намалување до -70%.
04.
May
2021
БЛОГ
За топлите денови што следат, брендот подготви целосно нова колекција во која вметна некои од омилените класици како поло маичките и оние со препознатливото лого, но и ултра удобни патики и стилски сандали за уживање во високите температури.  
29.
Apr
2021
БЛОГ
За денот да е уште поубав, токму од денеска во продавниците на Fashion Group стартува празничното намалување од -30%, но и многу други промоции на вашите омилени брендови.
28.
Apr
2021
БЛОГ
Оваа сезона, најстилските модни додатоци за разубавување на секоја комбинација се со потпис на Parfois од каде доаѓаат и најубавите кампањи кои повикуваат на долго и топло лето во друштво на нивните парчиња.
27.
Apr
2021
БЛОГ
Овие денови се збогуваме со топлите парчиња во потемни нијанси и целосно се препуштаме на пастелната палета на бои кои секогаш потсетуваат на долги и топли пролетни денови.
26.
Apr
2021
БЛОГ
Иако се чини дека сосема заборавивме како изгледаа ваквите настани кои во последно време се одржуваат преку разните видови на онлајн платформи, гламурот на овогодинешните Оскари совршено ни ја освежи меморијата.