Испораката се врши само на територијата на Република Северна Македонија.

 

РЕДОВНА ДОСТАВА

Куриририте ја доставуваат пратката до одредената адреса на купувачот во периодот од 09:00 до 16:00 часот. Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно за подигнување на нарачката на адресата која ја имате приложено. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш повторно телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. Доколку и при третиот обид курирот не успее да Ве пронајде тогаш пратката ќе биде вратена кај нас.

 

Рок на испорака

Рокот на испорака е од 3 до 5 работни дена. Во периодот на сезонските намалувања и попусти и во период на зголемен обем на нарачки, испораката може да биде пролонгирана за неколку дена од одредениот рок за достава.

 

Трошоци за достава

  • Цената за достава на производи со вредност над 3.000,00 денари е бесплатна
  • Цената за достава на производи со вредност под 3.000,00 денари е 160,00 денари

 

БРЗА ДОСТАВА

Опцијата за брза достава важи само за испораки територијата на град Скопје и истата е достапна да се одбере како начин на достава при креирање на нарачките од 09:15 до 14:00 часот од понеделник до петок и од 10:00 до 12:00 часот во сабота.

 

Рок на испорака

Нарачките кои што се креирани со опцијата за брза достава ќе бидат доставени истиот ден во рок од 4 часа, најдоцна до 18:30 часот. Доставата на брзите пратки е до адресата која што ја напишал корисникот при креирање на нарачката. Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно за подигнување на нарачката на адресата која ја имате приложено. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш повторно телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да Ве пронајде тогаш пратката ќе биде вратена кај нас.

 

Трошоци за брза достава

Цената за брза достава на територијата на град Скопје изнесува 295,00 денари и се однесува за сите пратки без оглед навредноста на  нарачаните производи.

 

Посебно известување:

  • Брзата достава може да биде оправдано неиспорачана во истиот ден во услови на затварање на градското сообраќајно подрачје за време на штрајкови, масовни собири или други настани кои подразбираат забрането движење на возила и нередовен сообраќаен режим.
  • Брзата достава не се испорачува за време на државни празници и недела.
  • Доколку сметате дека треба да се променат било какви информации во врска со пратката, ве молиме да го контактирате контакт центарот.