Креирање на налог

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница, може, но и не мора да бидете регистриран корисник. Процесот на купување и на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во горниот десен агол да кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ, а потоа Ви се отвараат полиња каде што е потребно да ги внесете Вашите лични податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ и на Вашиот е-маил ќе Ви пристигне линк кој е потребно да го кликнете, со што Вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.

Доколку сте регистриран корисник на нашиот сајт потребно е да кликнете на полето НАЈАВИ СЕ во горниот десен агол, да се најавите со Вашата е-маил адреса и да продолжите со купување.

Во случај да не сте регистриран корисник, откако ќе ги додадете посакуваните производи во кошничка, под нив го избирате полето Нарачка без регистрација, каде што е потребно да ги внесете Вашите точни лични податоци, да изберете начин на плаќање и да кликнете на полето ПОТВРДИ, по што ќе добиете е-маил за потврда на нарачка.

*Напомена: Ве молиме проверете ги Вашите внесени лични податоци.

Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секој нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил.

 

Избор на производи                                 

На почетната страница поставено е главно мени каде може да се избере разгледување на производите според категорија бренд или според категорија вид на производи: машки, женски и детски. Со избор на брендови се отвара паѓачко мени со листа на сите брендови достапни во онлајн продавницата. Со избор на производи машки, женски или детски се отвора паѓачко мени со секции: облека, обувки и модни додатоци и соодветните групи производи кои спаѓаат во нив.

Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со достапни производи. Од левата страна на страницата се наоѓаат филтри за филтрирање на производите според: бренд, боја, вид на производ, тип, големина и цена. Со избор на полето CHECKBOX покрај одреден филтер, го вклучувате или исклучувате соодветниот филтер. Доколку сте ги пронашле производите кои Ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со кликнување врз сликата. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница. Во полето можете да ја внесете шифрата на производот, името на брендот, називот на производот и сл.

При преглед на производите кои се достапни за купување, ќе забележите под производот поле "ПОВЕЌЕ". Кога ќе го притиснете тоа поле ќе можете да го видите производот од повеќе агли, да го видите неговиот состав и да ја одберете посакуваната боја и големина. Со притискање на полето "ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА" ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата кошничка. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во кошничката.

 

Содржина на кошничката

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број.

*Напомена – Производите додадени во кошничка не се резервираат.

 

Нарачување на производи од кошничката

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е на страницата во горниот десен агол да кликнете на полето кошничка. По проверка на нарачаните производи и на нивните величини, од Вас ќе биде побарано да се регистрирате, да се логирате на својот профил или да креирате нарачка без регистрација. Потоа потребно е да ги внесете Вашите точни лични податоци и да одберете начин на плаќање, со што ќе Ви се отвори страницата за завршување на купувањето. Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, тоа едноставно можете да го направите со клик на полето "ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ". Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за кошничка.

*Напомена – доколку вкупниот износ на производите во кошничката е под 3.000 денари, испораката е на трошок на купувачот е во износ од 160 денари, во или надвор од Скопје.

 

Начин на плаќање

За да купите производи преку сајтот, достапни се два начини на плаќање - со платежна картичка или плаќање по испорака во готово.

Сите цени кои што се објавени на сајтот на Фешн Груп се прикажани со вклучено ДДВ.

Плаќање по испорака:

Се плаќа на курирот, веднаш по испорака на Вашата пратка, исклучиво во готовина

Плаќање со платежна картичка:

Можете да платите со користење на платежните картички на Visa, Visa Electron, MasterCard, Maestro или Diners. Картичката мора да биде одобрена за онлајн (интернет) плаќање од страна на банката која ја издала.

Во текот на процесирање на онлајн нарачката, по одбирање на начинот на плаќање ќе бидeте редиректирани до страната на CPAY која е сигурна и заштитена за ваков вид плаќања. Податоците за Вашата картичка во ниту еден момент не се достапни во нашиот систем.

На оваа страница потребно е да ги внесете следните податоци :

-    Број на платежната картичка

-    Име и презиме на носителот на картичката

-    Датумот на важност на картичката

-    CVV2/CVC2 код, кој може да го прочитате на вашата картичка

Податоците кои се внесуваат се наменети исклучиво за комуникација помеѓу корисникот на картичката и Комерцијална Банка/ CPAY, додека интернет трговецот нема никаков увид или пристап до податоците кои се пренесуваат.

Напомена:

Во случај на откажување на нарачката или на некој од производите, Вашите средства ќе Ви бидат рефундирани во рок од 14 денови на картичката со која сте го извршиле купувањето.

**Напомена за корисниците на Динерс Клуб картичките. За сите прашања во врска со поволностите на истите, обратете се на телефон 15 155.

 

Достава

Рокот на испорака е од 3 до 5 работни дена.

Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 9:00 до 16:00 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Пред да се изврши доставата, вообичаена пракса е курирот да Ве побара на телефонскиот број кој сте сте го впишале при креирање на нарачката со цел да го потврдите терминот за достава. Доколку курирот не ве најде на дадената адреса, должен е повторно да Ве побара. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.