Барај
%
×
Fashion and friends - new collection

Најчести прашања

Повеќе информации во врска со процесот на купување може да прочитате на следниот ЛИНК.

Да имаме. Деталниот приказ за нашите продажни салони може да го најдете на следниот ЛИНК.

Кликнете на “Најави се” и потоа на линкот “Ја заборави лозинката?” Внесете ја Вашата е-маил адреса на која сакате да Ви пристигне линк за замена на лозинката.

Плаќањето на производите може да се изврши на два начини:

  • Онлајн со платежна картичка или
  • Во готово по испраката на купените производи

Повеќе информации во врска со плаќањето може да прочитате на следниот ЛИНК.

Износот за достава се наплаќа 160 денари со вклучен ддв за нарачки кои што се во износ под 3000 денари, додека доколку нарачката е над 3000 денари нема дополнителни трошоци за достава.

Рокот за достава на онлајн нарачки е од 3 до 5 работни дена. Во период на промоции и попусти, кога имаме зголемен обем на нарачки предвидениот период на достава може да биде пролонгиран.

Повеќе информации во врска со доставата може да прочитата не следниот ЛИНК.

Да, може да замените производ во рок од 14 дена од прием на производот, или истиот да го вратите доколку ни доставите известување за повлекување од договор најдоцна 14 дена од прием на производот, во кој случај ние ќе Ви ги вратиме средствата. Во случај на враќање на производ и поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, а без оглед на причината за враќање, ФЕШН ГРУП има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.  Додека за поврат на средства за производ платен по достава, на фактура, потребно е да не известите на телефонскиот број  071297676 или да ни испратите маил на online@fashiongroup.com.mk, во кој случај средствата се рефундираат на Вашата трансакциска сметка. Со цел да се врати или замени производот организираме курир за преземање на производите од корисникот и откако ќе бидат вратени во продавница, ги рефундираме средствата на трансакциска сметка на корисникот. Трошоците за замена на производи се во износ од 160 денари со вклучен ддв и се на товар на купувачот, освен кога купувачот добил неисправен или погрешен производ.
Замена, рекламација и враќање на производи нарачани онлајн не е можно да се изврши во некоја од нашите продавници. Доколку имате потреба за замена, рекламација или враќање на производ, Ве молиме контактирајте не на е-маил online@fashiongroup.com.mk или на еден од телефонските броеви наведени на нашиот сајт за повеќе информации.
На следните линкови може да прочитате повеќе информации во врска со условите за замена, рекламација и повлекување / враќање на производ.

Рефундација на средства за производи нарачани онлајн се врши исклучиво на Ваша трансакциска сметка или на картичката со која сте го извршиле плаќањето, во зависност од начинот на кој сте го извршиле плаќањето на производот.

Секое превземање на производ од страна на курирската служба е со трошок од 160 денари.

Може да се направи замена за било кој бренд од нашиот сајт. За дополнителни информации во врска со замените, Ве молиме контактирајте не на е-маил online@fashiongroup.com.mk или на еден од телефонските броеви наведени на нашиот сајт.

Доколку Вашата иницијална нарачка е над 3.000 денари, нема да имате дополнителен трошок за достава, без разлика во колку пратки истата ќе се подели, а доколку Вашата нарачка е под 3.000 денари, трошокот за достава е еднократен,изнесува 160 денари и се наплаќа само на една од поделените пратки.

*Вашата нарачка може да се подели во повеќе пратки, доколку производите што сте ги нарачале се достапни на различни локации.

Во моментов Loyalty картичките не се активни за онлајн купување и истите можат да се користат само во нашите продавници.