Добродојдовте во клубот на лојални купувачи на Fashion Group!

За да ја наградиме Вашата доверба, за нашите редовни купувачи отсега овозможуваме нов начин на поттикнување преку собирање на вредносни поени и нивно трошење, како и голем број на поволности при секое купување.

Зголемување на обемот на извршени трансакции значи и остварување зголемен бенефит и поволности при купувањето.

КАКО ДА ЈА КОРИСТИТЕ ВАШАТА ЛОЈАЛТИ КАРТИЧКА ПРИ ОНЛАЈН КУПУВАЊЕ?

По избор на омилените производи кои сакате да ги купите, одберете "моја кошничка" во горен, десен агол и внесете ги податоците за вашата лојалти картичка овде:

По внесување на бројот од вашата картичка , веќе имате пристап до информациите на вашата картичка  и имате единствена можност за собирање на вредносни поени сега и на Онлајн.

Износот на собраните поени на картичката можете да го проверите на Вашиот кориснички профил:

*Напомена: По стекнување на поени од онлајн нарачка поените стекнати од истата ќе се прикажат на Вашиот профил 30 дена по креирање на самата нарачка*

 

*Важно: Единствен начин за да биде употреблива Вашата Loyalty картичка при креирање на онлајн нарачки е да се регистрирате со истата e-mail адреса која сте ја запишале во образецот за добивање Loyalty картичка. Доколку не сте регистрирани со истиот e-mail на нашата онлајн продавница како тој од Loyalty картичката, имате можност да го промените при нова регистрација на нашата онлајн продавница и да запазите да биде идентичен.

 

 

 

КАКО ДА СЕ СТЕКНЕТЕ СО LOYALTY КАРТИЧКА?

Со секоја сметка од или над 6.000 денари направени во нашите продавници (Mango East Gate, Mango City Mall, Springfield East Gate, Springfield City Mall, Springfield Suma Kumanovo, Parfois East Gate, Parfois City Mall, Parfois Palma Mall Tetovo, Parfois Suma Kumanovo, Women’Secret City Mall, Boss City Mall, Geox City Mall, Bitsiani City Mall, Dan John East Gate, Okaidi East Gate, Okaidi City Mall, Okaidi Suma Kumanovo) имате можност да станете дел од клубот на лојални потрошувачи и да уживате во уште едно уникатно шопинг искуство. Користењето на поените од Loyalty картичката можат да се собираат и користат за купени производи од следните брендови: Mango, Springfield, Parfois, Women’Secret, Boss, Bitsiani, Dan John, Geox. Собирање на поени започнува веднаш по добивањето на картичката и истите ќе можат да се користат при следно купување освен за нарачките кои се направени онлајн чии поени се добиваат и можат да се користат 30 дена по креирање на нарачката.

 

НАЧИН НА СОБИРАЊЕ НА ПОЕНИТЕ:

  • КАРТИЧКА СО ПОЧЕТНИ ПРИВИЛЕГИИ

5% од сумата која ја плаќате при секое купување се регистрираат како поени на Вашата картичка.

Пример: со сметка од 6.000 денари, добивате 300 поени = 300 денари.

 

  • КАРТИЧКА СО ЗГОЛЕМЕНИ ПРИВИЛЕГИИ

10% од сумата која ја плаќате при секое купување се регистрираат како поени на Вашата картичка.

Пример: со сметка од 6.000 денари, добивате 600 поени = 600 денари.

*Напомена: за да се стекне со картичка со зголемени привилегии потребно е во тековната година да направите сметки во нашите продавници (Mango East Gate, Mango City Mall, Springfield East Gate, Springfield City Mall, Springfield Suma Kumanovo, Parfois East Gate, Parfois City Mall, Parfois Palma Mall Tetovo, Parfois Suma Kumanovo, Women’Secret City Mall, Boss City Mall, Geox City Mall, Bitsiani City Mall, Dan John East Gate, Okaidi East Gate, Okaidi City Mall, Okaidi Suma Kumanovo) или при креирање на онлајн нарачки со вкупен износ од 60.000 денари.

  • КАРТИЧКА СО НАЈГОЛЕМИ ПРИВИЛЕГИИ

15% од сумата која ја плаќате при секое купување се регистрираат како поени на Вашата картичка.

Пример: со сметка од 6.000 денари, добивате 900 поени = 900 денари.

*Напомена: за да се стекне со картичка со најголеми привилегии потребно е во тековната година да направите сметки во нашите продавници (Mango East Gate, Mango City Mall, Springfield East Gate, Springfield City Mall, Springfield Suma Kumanovo, Parfois East Gate, Parfois City Mall, Parfois Palma Mall Tetovo, Parfois Suma Kumanovo, Women’Secret City Mall, Boss City Mall, Geox City Mall, Bitsiani City Mall, Dan John East Gate, Okaidi East Gate, Okaidi City Mall, Okaidi Suma Kumanovo) или при креирање на онлајн нарачки со вкупен износ од 120.000 денари.

 

Освен собирање поени, како наши лојални купувачи ги добивате и следните поволности

  • Редовно информирање за пристигнување на нови колекции, промоции и попусти (напомена:доколку при пополнување на формуларот ни имате дадено согласност за обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг)
  • Користење на специјалните акции и попусти за лојални купувачи
  • Ексклузивна можност за купување на сезонски попуст пред останатите
  • Станувате дел од специјални настани наменети само за членовите на клубот на лојални потрошувачи
  • Бесплатни кројачки услуги за корекција на панталони и одела
  • Креирање специјални понуди во согласност со Вашите потреби и желби
  • Уште многу награди и изненадувања!

 За сите прашања контактирајте нè на: loyalty@fashiongroup.com.mk или 070275363. 

 

 

ПРАВИЛА И УСЛОВИ