FASHION GROUPВАШАТА ОМИЛЕНА ШОПИНГ ДЕСТИНАЦИЈА

Најголемиот избор на реномирани модни брендови за жени, мажи и деца. Ексклузивни застапници за повеќе од 25 интернационални модни брендови. Брза и сигурна испорака на производи, одлична грижа на корисници, највисоки безбедносни стандарди при плаќање и заштита на лични податоци. Загарантирана замена на производи, како и рефундирање на парични средства.

 

 

 

НАШАТА ПРИКАЗНАЛИДЕРИ ВО МАЛОПРОДАЖНИОТ СЕКТОР

Проектот кој започна како желба да се донесе светската мода во Македонија, денес е најголемата модна групација во земјата, во чие портфолио може да се најдат голем број реномирани светски брендови. Секој од брендовите кои FASHION GROUP ги застапува e внимателно одбран за да ги задоволи потребите, желбите и куповната моќ на многу различни групи на купувачи. Токму затоа, низ годините брендовите на Fashion Group стануваат прв избор на огромен број на лојални купувачи.

Почетоците на FASHION GROUP датираат од 1994 година. По отворањето на првите брендови во Скопје, експанзијата во однос на нови брендови и продажни места е постојана. Во моментов функционираат 28 продавници во најголемите трговски центри и фреквентни пешачки зони во Скопје, Куманово, Тетово и Битола, а групацијата вработува повеќе од 250 професионалци,  кои се посветени да го понудат најдоброто за секој купувач.

 

 

ОНЛАЈН ПРОДАЖБАУНИКАТНО ШОПИНГ ИСКУСТВО

Од 2017 – тата година, групацијата започнува со онлајн продажба на производите од своите брендови преку www.fashiongroup.com.mk  за денеска платформата да стане една од најпосетените интернет страници за онлајн продажба во земјава. За вашето уникатно шопинг искуство задолжен е професионален тим кој постојано и навремено се грижи да одговори на желбите и потребите на клиентите. Платформата постојано се развива и надоградува согласно светските трендови. Покрај онлајн платформата, развивме и мобилна апликација достапна за мобилните уреди со оперативните системи IOS и Android. Лојалните и ценети потрошувачи ни се инспирација и мотивација постојано да ја ажурираме онлајн платфорамта со нови содржини и модни колекции. Да развиваме нов вид на производи и услуги со кои дополнително ќе им помогнеме на сите наши онлајн корисници побрзо и полесно да ги следат сите наши активности, нарачки и продажби. Продолжуваме и понатаму да се грижиме за сите наши корисници и потрошувачи, да го зголемуваме бројот на брендови и најнови колекции.

 

WE ARE OPEN 24/7

БРЗО – БЕЗБЕДНО - ЗАБАВНО 

СИТЕ БРЕНДОВИ НА ЕДНО МЕСТО