Барај
%
×
BOSS - new collection
Луна Стефановска: Ќе се обидам светот да го направам подобро место!
БЛОГ

Луна Стефановска: Ќе се обидам светот да го направам подобро место!

 

Септември, исто како и ренесансата секогаш потсетува на промени...Промена кон нова сезона, од лето кон есен, кон најубавите комбинации, кон храбри потези. Веројатно и најхрабриот бренд во нашата групација, Diesel, се најде на септемвриската насловна на нашиот дигитален магазин, олицетворен од младата и незапирлива Луна Стефановска.

 

 

Свежина на македонската инфлуенсерска сцена, Луна Стефановска е многу повеќе од тоа. Млада и амбициозна, ужива во студиите по право, во постојаните проекти за поддршка на младата популација на било кој начин, ги обожава животните и се обидува да обезбеди подобри услови за нив, патува, го открива светот. Преку неа, им се обраќаме на сите млади девојки да почнат да го прават она што толку долго го посакуваа, да уживаат во стекнувањето на нови знаења, да се откријат себеси, да бидат храбри. Да постават јасни цели и да го одат храбро патот додека не ги постигнат.

 

Во интервјуто, Луна постојано го потенцира она што можеби сите го знаеме, но понекогаш го забораваме – да бидеме благодарни за постигнатото во секој момент.

„Треба да запомниме дека секој ден треба да сме благодарни за се’ што имаме, во секој даден момент, и секогаш, дури и од најлошите моменти да се обидеме да го извадиме најдоброто, тие се само поука“, вели Луна.

Секогаш стилска со интересен нагласок на посебни и уникатни парчиња, па дури и „позајмени“ од плакарот на нејзиниот татко, Луна е вистинско освежување на македонската инфлуенсерска сцена.

Со неа разговаравме и за трендовите на оваа сезона, а на пиедестал ја става темно црвената боја како боја на сезоната како нешто што неодоливо ја асоцира на есен!

Нејзината уникатност изминатата година ја препозна и брендот Guess со чии заштитни лица од Балканот таа имаше можност да присуствува на незаборавно патување во Сплит и да ужива во сите негови убавини.

„Тешко е да се опише во неколку зборови. Тоа беше едно од најдобрите искуства во мојот живот, нешто за што сум и повеќе од благодарна. Постојано замислував како изгледаат тие патувања, па кога дознав дека токму јас сум одбрана од Македонија, тоа беше нешто навистина посебно“, вели Луна.

За инфлуенсерството ќе каже дека е нешто што особено ја исполнува.

 

„Нема некои особени правила тука, се’ се учи со тек на време. Ќе згрешите, ќе добивате негативни коментари, ќе се смеат, но на крајот на денот, она што треба е вие да сте среќни и длабоко да верувате дека се’ ќе биде“, раскажува Луна за нејзините искуства.

За себеси ќе каже дека емпатијата е веројатно првата особина со која сите ја спојуваат, па оттука веројатно и огромната љубов кон животните преточена во добрите дела кои можете да ги погледнете редовно и на нејзиниот Инстаграм профил.

„Љубовта кон животните е од многу мала, од сите истражувања кои ги гледав, и со тек на времето сфатив колку светот е суров кон нив и знаев дека морам да се трудам нешто да променам, да го направам овој свет помалку суров. Се надевам дека тоа и ќе се случи, а дотогаш, ако успеам да го променам животот макар и само на едно животно, за мене и тоа е успех“.

Како парче на сезоната, па и воопшто must have на сите сезони, Луна ја издвојува кожната јакна, потенцирајќи дека секогаш одбира еко кожа, како и Oversized палто, нешто без што не може да помине ниту една тренди комбинација.

На прашањето кој е нејзиниот Girl crush отсекогаш, таа ја споменува Кајли Џенер како јавна личност која карактерно успеала да не се смени низ годините и токму тоа е она поради што ја почитува.

Организација и реализација: Fashion Group
Photo by @martintrajanovski
Style @damchevskasara
Hair and Make Up @kosichstudio
Гардероба: Mango, Diesel, Parfois, Guess

01.10.2024.

Слични статии

04.
Oct.
2024.
БЛОГ
Во пресрет на новата сезона, Fashion Group внесува свежина во секојдневието. Инспирирани од „Натпросечните Македонци“ Тино и Атанас, „Натпр...
21.
Aug.
2024.
БЛОГ
Поим за брендот Timberland, но сосема соодветен за сите останати, во августовскиот број на дигиталниот магазин Fashion Group, Тони Зен „позира“ в...