Барај
%
×
Guess - La dolce Vita
Колекција Winter Essentials: Стоплени и стилски со колекциите на Fashion Group!
БЛОГ

Колекција Winter Essentials: Стоплени и стилски со колекциите на Fashion Group!

 

Новата година се чини ги донесе најстудените денови оваа зима, а тоа апсолутно подразбира инвестиција во топла јакна и обувки, ако истото досега не го направивте.

 

 

Познатите брендови на Fashion Group во својата понуда и оваа зима ги имаат најстилските модели кога станува збор за јакни и зимски обувки, изработени од најквалитетните материјали, сосема соодветни за температурите со кои се соочуваме. Ние ги сместивме сите тие стилски и ултра топли парчиња во една колекција едноставно наречена „Winter Essentials“ од која можете да ги одберете сите ваши фаворити.

 

 

Кога станува збор за квалитетна јакна со која ќе уживаме во секој студен ден од зимата, тогаш дефинитивно прво помислуваме на некоја долга со која навистина ќе се стоплиме, а потоа истата да биде супер стилска за правење на уште подобри комбинации.

Спојот на квалитетен материјал, естетиката со која се изработени, едноставниот крој и тренди изгледот се само некои од работите што треба да ги земете предвид кога купувате јакна како еден од зимските модели што секогаш е на пиедестал.

Покрај тоа што навистина ќе се стоплите, бидете сигурни дека ќе изгледате супер шик во секојдневните комбинации за на работа, но и за сите оние посебни пригоди кога сакате нешто повеќе од изгледот.

 

 

 

Во понудата на омилените брендови на Fashion Group авантуристите ќе ги најдат и сите оние модели на јакни соодветни за уживање во скијачката сезона, но и чизмите со кои нема да пропуштат ниту еден од забавните снежни денови.

Секако, оваа зима не ги забораваме ниту оние модели на капути кои неодоливо потсетуваат на слатки мечиња, па ако сте од оние кои не обожуваат јакни, истите се сосема соодветна замена дури и во време на минусните температури. 

Било кој од споменатите модели погоре, во комбинација со топол шал и шик капа, ќе ви ги направи зимските денови поомилени од кога и да е. Она на што не смееме да заборавиме е дека голем дел од понудата на брендовите на Fashion Group во моментов е на сезонско намалување, па побрзајте и максимално искористете ја зимата за уживање носејќи ги најтоплите парчиња!

 

 

 

 

 
 

 

 
14.01.2022.

Слични статии

19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...
27.
Dec.
2023.
БЛОГ
Долгоочекуваниот сезонски попуст во Fashion Group започна! Искористи ја можноста за попусти до -50% и заврши ја годинава со шопинг каков што одамна не си има...