Барај
%
×
SUPERDRY - Сезонско намалување на најурбаниот бренд

Дополнителен попуст од -30% на веќе намалените цени.

Шик парчиња за совршен изглед на летните венчавки
БЛОГ

Шик парчиња за совршен изглед на летните венчавки

 

Пред вас е летна венчавка на која сакате да блеснете, а не сте сигурни каква комбинација да одберете? Новите колекции на брендовите на Fashion Group секогаш ви ја олеснуваат потрагата и ви ги нудат најстилските парчиња во кои ќе изгледате подобро од кога и да е!

 

 

Денеска правиме селекција на некои од најубавите модели кои се совршени за летната венчавка која е пред вас, а на која сакате да оставите неодолив впечаток.

Секогаш станува збор за парчиња кои се навидум ненаметливи, но сепак, доволно впечатливи за да направите супер фотографии и да бидете забележани.

 

 

Без разлика дали сте фан на долгите или куси фустани, комбинезоните или пак костимите во некоја интересна боја, нашите брендови секогаш ви нудат нешто сосема поинакво и толку кул за уживање во секоја пригода.

Иако понекогаш доволно е да одбереме едноставен класик кој надополнет со вистинскиот накит и додатоци како чевли и чанта за да изгледаме шик, сепак, оваа сезона ви нудиме и парчиња кои во секоја смисла на зборот се уникатни.

 

 

 

Не двоумете се и комбинирајте ги црните широки панталони со некој интересен топ со панделка или впечатлив материјал за малку поинаков изглед од оној стандардниот или пак одберете фустан со интересни детали за целосно уживање.

Она што секако на крајот е најважно е вие целосно да ѝ се препуштите на забавата и да се чувствувате добро во она што го носите, па сето останато после тоа.

За да ви ја олесниме потрагата онлајн и во нашите продавници, ние направивме мала селекција на некои од најинтересните и најбарани парчиња од нашите брендови, а ваше е само да го одберете фаворитот!

 

 
 

 

 

 

 
30.05.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

08.
Aug.
2022.
БЛОГ
Без разлика на трендовите, постои еден задолжителен моден додаток кога се сончевите денови во прашање, а веројатно веднаш погодивте дека станува збор за очил...
04.
Aug.
2022.
БЛОГ
Ова лето, повеќе не треба да ја барате совршената чанта – истата се наоѓа во новата колекција на вашиот омилен бренд Guess и е постилска од кога и да е...
29.
Jul.
2022.
БЛОГ
Отсега, целата козметика која е љубов на прв поглед, можете да ја најдете уште поблизу до вас, и тоа во трговскиот центар Сити Мол каде ве очекуваат неодолив...