Барај
%
×
Forever denim with replay
Дуња Јованиќ: Многу е важно да се чувствувате добро во своето тело!
БЛОГ

Дуња Јованиќ: Многу е важно да се чувствувате добро во своето тело!

 

Ако сте од оние кои обожуваат да поминуваат време на социјалните мрежи инспирирајќи се од комбинациите на познатите инфлуенсерки, тогаш сигурно сте го погледнале профилот на прекрасната Дуња Јованиќ позната под името @imfashionbabe.

Токму таа, единствена и ултра шармантна, беше дел од кампањата на Fashion Group за пролет/лето 2021 во едно сосема автентично и секогаш супер забавно издание.

Нејзиниот шарм и слободен дух беа доволни за да знаеме дека таа одлично ќе се вклопи со сите останати прекрасни лица од нашата кампања, а подеднакво добро ќе ги прикаже и парчињата од новите колекции на нашите брендови.

Дуња (Музеј Битола) - Палтопанталоникапутчевли: Mango 

Заедно со подеднакво прекрасната Сара Јовановиќ, двете дами блеснаа на секој сет и дополнително ги разубавија стилските комбинации.

Дека фантастичниот стил е нејзина силна страна, докажуваат и шик комбинациите во кои постојано ја гледаме преку нејзиниот профил на Инстаграм, но и судејќи според нејзината прва колекција едноставно наречена „Bebè“ во која таа смести лежерни парчиња за уште поубав сон и уживање.

Дуња: Фустанпалточевли: Mango, Чанта: Guess,  Сара: Костимчанта: Guess, Чевли: Mango 

За време на снимањето на нашата кампања, имавме малку време за да направиме едно кусо, но интересно интервју кое го читате и гледате во продолжение.

1.Дали се чувствува добро Дуња во своето тело?

Секогаш и мислам дека тоа е многу важно.

Фото: Instagram/@imfashionbabe

2.Колку самодовербата е важна за младата генерација?

Мислам дека е многу важно девојките да имаат самодоверба, како и момците, затоа што тоа им овозможува сето она што го прават, да го прават со многу повеќе љубов и пасија.

3.Како да се соочиме со сите негативни коментари на социјалните мрежи?

Морам да признаам дека тоа не е лесно, но добрата работа во тие лоши коментари е тоа што човек некако се навикнува и потоа истите ги занемарува.

Дуња (Камени Мост): Јакнатопздолништепатики: Guess, Стефан Спирковски: Дуксер, јакнафармерки: Replay, Сара: Маичказдолниште: Guess, Тексас јакна: Miss Sixty, Чанта: Parfois 

Сара (Охрид): Дуксер: Superdry, Бермуди, патики: Guess, Ана Ристова: Јакна, кошула, хеланки: Guess, Чизми: Mango, Дуња: Палто: Guess, Маичка и фармерки: Miss Sixty 

4.Која е Дуња кога ќе се „исклучат“ профилите на социјалните мрежи?

„Meow“... Тоа сум јас.

5.Дали некогаш се гледаш себеси како економист во некоја компанија?

Јас по професија сум економист и кога бев помлада мислев дека ќе бидам вистинска директорка (се смее). Мислам дека ќе бев добра и во тоа. Но, морам да кажам дека ја обожувам мојата моментална професија.

6.Ако морате да користите само еден производ за нега на кожата до крајот на животот, што би било тоа?

Тоа би било крема за раце, бидејќи поради ситуацијата постојано ги мијам и кожата навистина ми е сува и оштетена.

Фото: Instagram/@imfashionbabe

7.Што подразбирате под безвременски парчиња кои би требало да ги има секоја девојка?

Добри фармерки, добра црна чанта и добра кошула.

8.Што подразбираш под добро пријателство?

Тоа би бил некој кој е тука за тебе да ти даде поддршка кога ти е потребна, но и некој кој во лице може да ти каже дека нешто не правиш добро. Тоа е исто така многу важно.

9.Кажи ни нешто што не знаеме за Сара?

Чекај, чекај... Дека е уште позабавна од она што го покажува во јавност.

Фото: Instagram/@imfashionbabe

10.Кој е првиот збор што ти паѓа на памет кога ќе се спомене Македонија?

Луѓе.

11.Што за тебе значи да си дел од кампањата на Fashion Group за пролет/лето 2021?

Подолго време откако работам, имам голема фан база во Македонија и кога слушнав за овој предлог да дојдеме тука и да сме дел од вашата кампања, срцето ми беше навистина полно затоа што некако сакав на сите тие луѓе да им ја возвратам љубовта. Ова е прв пат да дојдам во Македонија и буквално сум пресреќна што сум тука.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

11.03.2021.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...