Каролина Гочева како модна инспирација за MANGO жената
Новости

Каролина Гочева како модна инспирација за MANGO жената

21.03.2019.

 

Скопје,  21март 2019 год. – Каролина Гочева станува дел од семејството на  MANGO Македонија за 2019-та година.

 

Кампањата на шпанскиот бренд Mango за оваа сезона е наречена “New Voices” и има за цел да ја истакне моќта на културата во заедницата, при тоа раскажувајќи приказни за жени кои не само што се убави туку се и реализирани, инспиративни и оставаат свој печат врз средината во која живеат и работат. Како продолжување на оваа иницијатива, логично доаѓа и соработката на брендот со Каролина Гочева која со својот сензибилитет, префинетост, успех и постојана работа на себе е вистинска инспирација за многумина.

Низ серијата фото стории кои следуваат, Каролина ќе биде претставена во еден поинаков контекст и во облека во која може да се пронајдат голем број девојки и жени. Иако секој изглед е сосема различен, едно нешто е заедничко – леснотијата со која Каролина како вистинска MANGO жена ги носи парчињата и уникатноста што ја дава нејзиниот карактер на секоја од фотографиите.

Првата серија фотографии и комбинација која ја претставуваме, прикажува нежна и елегантна комбинација во која носечко парче е таканаречниот слип дрес. Едноставен, а секси, овој фустан добива нова димензија кога оди во комбинација со палто со строги лини и неизбежната ремен-чанта, едно од клучните парчиња за оваа сезона. Уште еден моден детаљ кој е вистински “must-have” за пролет/лето 2019 се провидните чевли, а во овој изглед тие совршено се совпаѓаат во женствената силуета која ја презентираме.

Тимот кој работеше на мартовската фотосесија го сочинуваат: Ани и Дими  - фотографија, Дарко Митев – видео, шминка и фризура Beauty Hub 202 (Васе Доковски и Даниел Артевски) и стилистот Алмир Мили.

Наскоро следуваат уште модни изненадувања од соработката помеѓу Каролина Гочева и MANGO.

 

Остави коментар

Trenutno nema komentara

Слични статии

13.
Aug.
2019.
Новости
Онлајн шопингот во изминатите неколку години стана толку популарен ширум светот што водејќи се по тие параметри за некое време слободно можеме да очекуваме д...
13.
Aug.
2019.
Новости
Во пролетта цутат најубавите цвеќиња...  А, пролетното будење го најавуваме во највпечатливата боја за сезоната. @karolinagocheva   Овој пат се раб...
13.
Aug.
2019.
Новости
Продолжува соработката на Mango Македонија и познатата пејачка Каролина Гочева. Ова лето подготвивме низа на нови фотографии и модни инспирации за сите жени ...
string(0) ""
string(0) ""