Барај
%
×
Kids Collection
Office wear: Оваа пролет одиме на работа во ултра стилски парчиња!
БЛОГ

Office wear: Оваа пролет одиме на работа во ултра стилски парчиња!

 

Веројатно штом го прочитавте насловот, веднаш си помисливте дека во текстот ќе погледнете класични машки и женски костими и кошули за на работа, но овојпат, тоа не е случај.

Иако секогаш и се враќаме на класиката и тоа се модели што мора да ги има во секој плакар за секоја прилика, оваа пролет сме похрабри од кога и да е и носиме шик модели во светли бои на работа.

Секако, доколку околината ви го дозволува тоа, обидете се оваа топла сезона, класичната кошула да ја смените со некоја во интензивна нијанса и интересен крој, а тесните панталони со некои полежерни кои се меѓу омилените овие денови.

Пред нас се најубавите топли денови, па сега е вистинскиот момент да воодушевите со сите оние комбинации што ги подготвувавте подолго време и да бидете сосема поинакви од сето она досега.

Момците оваа сезона пред себе имаат неверојатна палета на производи и сериозно добар избор, па така, заменете ја класиката со некоја шик поло маичка која сепак носи елеганција со себе во темно црвена боја заедно со панталони во крем нијанса и задолжителните бродски чевли за оваа сезона.

Секако, на оние пак на кои работната околина не им го дозволува тоа, новата колекција на Битсиани е вистинската во која ќе најдете палта и панталони во крем и бели нијанси кои комбинирани со нешто по ваш вкус, изгледаат ултра впечатливо.

Сега е вистинско време и за дамите да го пронајдат својот фаворит во нашата Office Wear колекција која е вистинско олицетворение на она како секој треба да изгледа на работа во пролет.

Откако ќе ги одберете совршените парчиња за вас и ќе направите добар пролетен шопинг, не заборавајте квалитетно време да им посветите и на модните додатоци, особено на чантите кои секогаш треба да бидат внимателно одбрани.

На следниот линк ги гледате сите парчиња од колекцијата Office Wear, а нешто соодветно за вашиот стил во канцеларија можете да најдете и во новите колекции од нашите брендови.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

 

 

 

 

18.05.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии