Барај
%
×
Live in LEVIS
Овие празници ги уживаме во кежуал – шик стил!
БЛОГ

Овие празници ги уживаме во кежуал – шик стил!

 

 

Иако овие денови се чини ќе мора да уживаме во дождот, ведриот и позитивен период е пред нас, а можеби и една од најубавите празнични сезони.

Велигденските празници се време кога целосно треба да му се посветиме на семејството и сите оние работи кои обожуваме да ги правиме заедно колку што моменталната ситуација ни го дозволува тоа.

За прекрасните денови што доаѓаат, направивме колекција едноставно наречена „Кежуал – шик“, токму во стилот во кој сакаме да ги поминеме слободните денови – лежерно и удобно.

Во колекцијата ги сместивме најубавите пролетни парчиња од нашите брендови и веруваме дека секој од вас ќе го најде својот фаворит.

Одберете од стилските фустани кои се како создадени за пролетно уживање, од тренерките во пастелни нијанси како ултимативен хит сезонава, од исклучително удобните обувки, маичките на куси ракави за топлиот период и што уште не.

За ултра удобни празници, сите парчиња од колекцијата се направени од висококвалитетни материјали во раскошна палета на бои која повикува на радост во претстојните сончеви денови.

Викендот што е пред нас е совршена шанса да ги направите омилените комбинации од парчињата од колекцијата за секој слободен ден пред нас, или пак да нарачате онлајн доколку сте од оние што сакаат слободните денови да ги поминуваат дома.

Во колекцијата сместивме и вистински пролетни класици во кои секогаш вреди да се инвестира, без разлика на актуелните трендови, истите се парчиња што секогаш ќе ви ги красат комбинациите.

Токму со овие парчиња можете да ги направите сите минималистички комбинации за било која пригода за празниците, а кога истите ќе ги надополните со неодоливи модни додатоци и чанти или ранци во интензивни нијанси, тогаш подготвени сте за сончевите празнични денови.

Овие празници, искористете ги максимално за сите оние работи што толку долго сакавте да ги направите, заминете неколку дена во природа, направете нешто за себе, подгответе ги омилените јадења и најважно од сè, уживајте во стил!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

23.04.2021.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...