Барај
%
×
Live in LEVIS
Купувај онлајн: -10% на првиот, -20% попуст на два или повеќе производи!
БЛОГ

Купувај онлајн: -10% на првиот, -20% попуст на два или повеќе производи!

Во време кога поважно од се е да останеме дома и да се грижиме за нашето и здравјето на останатите, нашата онлајн продавница ви нуди безброј можности.

Сега е моментот кога повторно можете да си ги разгледате сите производи што неодамна ги ставивте во кошничка и да одлучите кој ќе биде оној со кој ќе се подновите.

За сите наши клиенти создадовме одлични поволности, а во моментов актуелна е акцијата од – 10% попуст на првиот и – 20% попуст на вториот или повеќе купени производи.

Она на што мора целосно да ја посветиме сета наша енергија е останувањето во удобноста на нашиот дом за да можеме подоцна целосно да уживаме во убавините што ни ги нуди омилената пролет.

Во нашата актуелна понуда ќе ги најдете најновите парчиња од вашите омилени брендови, а она што мора да го напоменеме е тоа дека сите доставувачи се целосно опремени со заштитна опрема според препораките на Светската здравствена организација.

Само за вас, доставата на сите нарачки почнувајќи од оваа недела е целосно бесплатна, без разлика кои и колку производи ќе нарачате.

Иако летото можеби е далеку, но не пропуштајте ја можноста да си набавите некои од неодоливите модели на сандали или рамни чевли во кои ќе сакате да ги поминете сите топли денови.

Подеднакво привлечни се и фустаните кои се како создадени за уживање во високите температури, но и маичките на куси ракави кои се совршени во комбинација со омилените фармерки со висок струк.

Момците се чини секогаш се вљубени во маичките на куси ракави, па не заборавајте да ја погледнете нашата целосно понуда од која знаеме дека ќе го најдете вашиот фаворит.

Модните додатоци се подеднакво важни и оваа како и сите останати сезони, па така надополнете си ја вашата кутија со накит со шармантните обетки од Parfois и Mango, а не заборавајте да ја украсите косата со некое од венчињата кои понекогаш се нашите најдобри сојузници.

Долната облека секогаш е нешто што мора да го ставиме на прво место, па така разгалете се себеси со најудобната со потпис на Women’secret и одберете од бројните нови модели пласирани на нашата онлајн продавница.

Сега е вистинско време да ги погледнете сите нови парчиња што ги подготвивме специјално за вас и да нарачате онлајн и целосно да уживате во магијата на вашиот дом.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                              

17.03.2020.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...