Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Како стилот на девојките од „Wednesday“ ја промени светската мода!
БЛОГ

Како стилот на девојките од „Wednesday“ ја промени светската мода!

 

Веројатно и не постои девојка во светот која во својот плакар нема парче во било која црна нијанса, а се чини дека истата апсолутно се популаризираше повторно со лансирањето на новата, ултра популарна серија на Netflix, „Wednesday“.

 

 

Речиси и да нема фан на „Adams Family“ кој не е задоволен со она што би се рекло продолжение на култниот филм, овојпат, спакувано во неколку исклучително интересни епизоди кои за многу кратко време го освоија светот.

Ако Кристина Ричи во 90-тите имаше неверојатно влијание врз светската мода како култна готик девојка, замислете го влијанието на Џена Ортега врз тинејџерките во денешниот апсолутно вирален свет.

 

Веројатно досега успеавте да го изгледате ремек делото на Тим Бартон, во кое тој ги смести најдобрите како Кетрин Зета Џонс во улогата на ултимативната Мортиша Адамс и младите и неверојатно надежни актери како Ема Маерс, Џој Сандеј, но и омилената Кристина Ричи како Мерлин Торнхил и Гвендолин Кристи како Лариса Вимс.

Покрај интересната содржина што успеа да задржи милионска публика пред малите екрани, во серијата доминираат супер кул парчињата во кои младите се вљубија на прв поглед.

Иако Wednesday ќе каже дека е алергична на боја, а се чини и некако не ѝ прилега, таа заедно со нејзините пријателки од Академијата носат неверојатно кул комбинации во потемни нијанси од кои замислете, најдовме супер слични парчиња во нашите брендови.

Ако оваа студена сезона ви требаше малку инспирација за тоа во кои парчиња да ги поминете деновите, а истовремено да бидете поинакви и стилски, тогаш дефинитивно ова е текстот за вас.

 

Дел од парчињата се во нешто посветли варијанти, но подеднакво кул како сите оние во кои Wednesday е вљубена. Од првото појавување на карактерот на Wednesday во 1938-та, таа дефинитивно служи како пример за готик девојка која навидум не се грижи за својот стил, но толку добро ги носи парчињата што е за неверување.

За разлика од другите девојки кои биле во улогата на Wednesday низ годините, Џена Ортега дефинитивно го носи ликот во една high fashion димензија која иако навидум суптилно, апсолутно се провлекува низ целата серија.

Во исчекување на новото продолжение на серијата што предизвика вистинска хистерија во светот на тинејџерите, денеска ве запознаваме со некои од нашите омилени парчиња од истата и ви даваме инспирација како со слични парчиња да изгледате подеднакво кул како новата омилена девојка Wednesday.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

14.12.2022.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...