Барај
%
×
Kids Collection
Ние ја имаме Mango јакната која сите ја сакаат!
БЛОГ

Ние ја имаме Mango јакната која сите ја сакаат!

 

 

Секоја сезона постои барем едно парче што е ултра популарно и кое сите го посакуваат. Со истото, веднаш си ги замислуваме сите комбинации со кои ќе ги одбележиме деновите во новиот месец.

 

 

Овој пат, парчето што сите девојки го посакуваат и со кое веќе ја отворија есенската сезона е оваа ултра тренди јакна од Mango изработена од вештачка кожа во интензивна сина боја која е доволна да бидете забележани каде и да се појавите.

Дополнително збогатена со крзно на ракавите и јаката, впечатливите џебови на истата ѝ даваат една сосема поинаква димензија кога се студените денови во прашање.

Дека е и повеќе од одлична инвестиција покажува и тоа што можеме да ја носиме и во сериозно студените денови благодарение на нејзината топла внатрешност од која нема да сакате да излезете.

Веројатно она што прво ви паѓа на памет е нејзината интензивна сина боја, но комбинирана со вистинските парчиња може да ви излезе во пресрет во секојдневните комбинации.

Носете ја со панталони и џемпер во иста нијанса, со црно плисирано здолниште и кошула, со џинс и шик блузичка и не двоумете се оваа зима да бидете поинаква од сите останати.

Истата можете да ја најдете во продавницата на Mango во Сити Мол и онлајн на следниов линк.

 

 

 

 

04.10.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии