Барај
%
×
Forever denim with replay
Андријана Илиоска од Милано: Ревијата за Moncler беше огромен предизвик!
БЛОГ

Андријана Илиоска од Милано: Ревијата за Moncler беше огромен предизвик!

 

 

Ако деновиве успеавте да отворите барем еден од светските сајтови за мода, веројатно ја видовте спектакуларната јубилејна ревија на еден од најпознатите брендови Moncler, кој ја прослави својата 70 - годишнина.

 

 

На фантастичниот Piazza del Duomo во срцето на Милано, првите луѓе на брендот ја поканија светската прима балерина Вирна Топи да го отвори настанот, а заедно со неа и 1.952 артисти за да ја одбележат годината на основање на брендот.

Меѓу нив, и нашата манекенка Андријана Илиоска чија светска кариера изминативе месеци вртоглаво расте. Облечена во култната Maya јакна на брендот, таа изгледаше навистина светски на ревијата на брендот за која овие денови се чини сите говорат.

Ние имавме чест да направиме кусо интервју со девојката која минатата година беше дел од кампања на Fashion Group, а таа со задоволство нѝ раскажа како е да се биде дел од настан од овој калибар.

 

„Најпрво ви благодарам за честитките и убавите зборови, за мене претставува огромна чест да сум дел од оваа јубилејна ревија. Јас веќе шест месеци живеам и работам во Милано каде што сум дел од модната агенција ABC Models Milano. Тука ја имав шансата да присуствувам на големиот кастинг за оваа ревија и потоа бев одобрена од кастинг директорот на Moncler. За оваа ревија претходеа неколку проби, кои што траеја по повеќе од пет часа дневно, што значи дека сериозноста на овој проект беше на високо ниво, сите беа 100 % фокусирани и немаше простор за никакви грешки“, вели Андријана за Fashion Group.

За тоа како изгледа животот во една од омилените модни метрополи, Андријана ќе каже:

„Речиси шест месеци живеам и работам тука, можам да кажам дека секоја промена е убава, но секако дека се среќаваме и со одредени потешкотии да се прилагодиме на новиот начин на живот. Моделингот тука е на врвно и многу професионално ниво, што значи дека треба да бидам посветена и фокусирана цело време. За мене беше голем предизвик да се прилагодам на овие промени, но конечно го живеам животот кој што сум го посакувала и го работам тоа што ме исполнува. Секојдневно одам на кастинзи, досега сум работела за доста значајни и големи брендови како што се: Umbro, K-way, Intimissimi, Tezenis, Max Mara, Golden Point и други, а имав многубројни ревии за дизајнери од целиот свет и мојот последен и најдраг ангажман на Модниот викенд во Милано, јубилејната ревија на Монклер“, додава таа.

 

Ваквите животни искуства секогаш знаат целосно да те променат, па се чини најважно, но и најтешко е да останеш доследен на себе. За тоа која особина е најважна за да успееш во овој свет, Андријана ќе каже:

„Јас сметам дека доколку сакаме да успееме во нешто, мора секојдневно да го даваме максимумот, никогаш да не се откажуваме од целта и да бидеме упорни. Не верувам во успех преку ноќ, сметам дека градење на кариерата чекор по чекор е најубавиот процес и треба да уживаме во тоа да бидеме барем малку подобри од претходниот ден, така што сметам дека најважната особина е да бидеме благодарни за сè што нѝ се случува, да бидеме упорни и никогаш да не се откажуваме“, вели таа.

Сосема очекувано, конкуренцијата во ваквите модни метрополи воопшто не е за занемарување, па многу е важно како ќе се издвоиш од останатите за да успееш.

 

 

 

 

 

 











 

 

 

„Милано е градот на модата, сите сме свесни колку е тешко прво да се стигне до тука, да ја имаш можноста да бидеш во агенција во Милано, а потоа да имаш можност да ги покажеш своите квалитети на различни кастинзи и на крај покрај толку модели ширум светот, ти да бидеш таа што ќе биде потврдена за одреден ангажман, така штоќе кажам дека ова е преголем предизвик за мене и сметам дека тајната да се издвојам од останатите е да бидам своја, да зрачам со позитивна енергија и да работам на себе секојдневно“.

По ангажманот за Moncler, Андријана останува во Милано уште помотивирана за постигнување на нејзините цели, а ние и ја посакуваме сета среќа што и е потребна.





 

 

26.09.2022.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...