Барај
%
×
Forever denim with replay
Стилски во јуни: Нова колекција на Fashion Group полна впечатливи парчиња!
БЛОГ

Стилски во јуни: Нова колекција на Fashion Group полна впечатливи парчиња!

 

 

Месец јуни можеби е еден од најубавите во годината со оглед на тоа што времето речиси секој ден е совршено за правење на стилски комбинации и уживање во одличните температури.

Со цел да ви ја олесниме потрагата по најубавите парчиња со кои ќе ги обоите деновите, направивме шик колекција едноставно наречена „Hello June“ во која ги сместивме највпечатливите парчиња од нашите брендови.

Работната недела и подготвувањето за истата секогаш знае да биде полна предизвици, па сега е полесно од кога и да е, да се подготвите и да блеснете во полн сјај.

Со оглед на тоа што решивме цело лето расположението да биде на највисоко можно ниво, боите на парчињата што ги сместивме во колекцијата се и повеќе од ведри.

Андријана: Кошула: Miss Sixty, Бермуди: Replay, Потпетици, чанта: Guess

Денис: Кошула, бермуди: Superdry, Мокасини: Timberland 

Не двоумете се и купете го омилениот зелен фустан, кошулата во интензивна розова, маичката со цветни детали за момците, но и бермудите со школки со кои дефинитивно нема да останете незабележани.

Топ, бермуди: Mango, Патики: Diesel, Обетки: Parfois

Секако, сега е вистинско време да размислите за вашиот изглед на плажа и да го искористите секој слободен миг за уживање со пријателите, а токму во оваа колекција ќе го најдете совршниот костим за капење за оваа сезона.

Истиот задолжително надополнете го со некоја наметка или уште подобро, цветна кошула, стилски сандали и впечатлив накит и слободно продолжете го денот од плажа на вечера или забава со најблиските.

Маичка, бермуди: Scotch&Soda, Папучи: Geox, Капа: Timberland 

Во продавниците на брендовите на Fashion Group ќе ги најдете вистинските парчиња за секој ден од јуни и воопшто, цело лето во можеби најубавите бои и принтови што сте ги виделе во последно време.

Секако, изборот останува на креативноста со која располагате и слободата што ја носи летото со себе, а во оваа колекција ги имате сите must – have парчиња кои знаеме дека ќе ги обожавате.

Кошула, бермуди, сандали: Mango, Обетки: Parfois

Првиот ден од месецот е совршен за шопинг!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

01.06.2021.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...