Барај
%
×
Guess - La dolce Vita
Сите трендови за 2020 што треба да ги знаете
БЛОГ

Сите трендови за 2020 што треба да ги знаете

Иако новата година само што пристигна, да ја дочекаме подготвени и навреме да ги дознаеме сите модни трендови што ќе ја одбележат прекрасната 2020 – та.

Во последните месеци од минатата година, познатите брендови и дизајнери нѝ навестија што е она што девојките ќе го обожуваат во новата сезона, а трендовите денеска ги споделуваме со вас.

Дел од истите и не се толку непознати, а за некои особено ќе се израдуваат романтичарките кои секогаш се фасцинирани од пуфкасти ракави или тантелен градник под впечатлива кошулка.


Фото извор: CHRISTIAN VIERIG/GETTY IMAGES

 

На самиот старт од годината не смееме да заборавиме на огромната важност на одржливата мода на која треба исклучително да ѝ се посветиме, а особено радува фактот што познатите дизајнери и модни брендови почнуваат сериозно да се занимаваат со ова прашање, а се чини во 2020 ќе се случи вистински бум.

Фото извор: Shutterstock 

Она со што прво треба да го обновите вашиот плакар, а можете да го носите и во овој период, се кожените парчиња во чие друштво допрва ќе уживаме, а никогаш нема да ни здодеат.

Фото извор: Evan Agostini/AP

Подеднакво привлечни во 2020 ќе бидат и волуменозните фустани што во 80 – тите биле еден од најголемите трендови, а моделите се толку женствени што едноставно мора да ги обожувате.

Тренд на кој секогаш му се радуваме кога се враќа се впечатливите, пуфкасти ракави на блузите и кошулките кои оваа година се послатки од кога и да е.

Фото извор: @Christian Siriano

Знаеме дека на светот не постои дама која не поседува барем едно парче со пруги, а доколку истите се вертикални, тогаш време е да го пронајдете и комбинирате истото, бидејќи ќе бидат апсолутен хит во новата година.

Фото извор: Robert Kamau/GC Images/Getty Images

Веројатно се сеќавате на „пеплум“ трендот кога сите девојки имаа карнери на половината, па дали ќе се израдувате доколку ви кажеме дека познатите девојки веќе го „оживеаја“ истиот? Овојпат, „пеплум“ моментот е изразен кај блузите, а дамите ги комбинираат со тесни „пенкало“ здолништа или пак стилски панталони и изгледаат навистина женствено.

Фото извор: JEAN-BAPTISTE LACROIX/AFP via Getty

Кога ќе се збогуваме со зимата, ќе им кажеме добредојде и на плетените парчиња во вид на фустани или блузички изработени од впечатливи конци кои понекогаш и неодоливо светкаат.

Фото извор: Steve Granitz/Getty Images

Што се однесува до модните додатоци пак, кружните обетки се дефинитивно на пиедесталот и оваа година, а девојките едноставно не можат да се збогуваат со нив.

Фото извор: Vogue.com

Не заборавајте и на тоа дека Институтот за боја Pantone ја прогласи сината за боја што ќе ја одбележи 2020 – тата година, а тоа значи дека сите парчиња во оваа неодолива нијанса се и повеќе од дозволени.

Голем дел од тренди парчињата од кои нема да се заситиме во 2020 можете да ги најдете и кај нашите брендови, а за чекор пред сите, нарачајте ги онлајн уште веднаш!


Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:


                                           

02.01.2020.

Слични статии

19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...
27.
Dec.
2023.
БЛОГ
Долгоочекуваниот сезонски попуст во Fashion Group започна! Искористи ја можноста за попусти до -50% и заврши ја годинава со шопинг каков што одамна не си има...