Барај
%
×
Forever denim with replay
Timberland: Nature Needs Heroes!
БЛОГ

Timberland: Nature Needs Heroes!

Одговорност.

Тимот зад брендот Timberland се стреми да го подобри квалитетот на животот на сите околу нас преку посветеноста во изработка на одржливи производи, кои ќе ги употребувате долго време, иницијативи за зачувување на природата и грижата за заедниците во кои овој бренд е достапен.

"Нашиот бренд започна со чизма, но сега станува нешто многу поголемо. Timberland станува мисија, движење... нашата душа.

Ги повикуваме сите оние кои не се плашат да ги облечат чизмите, да ги извадат рацете од џеб и да почнат да копаат. Оние кои не прифаќаат "не" за одговор. Оние кои се грижат за светот во кој живееме и се свесни дека позелена иднина е подобра иднина за сите нас. Како и оние кои ќе ја пренесат пораката на останатите...

Зошто? Бидејќи силата е во големите бројки, во интензитетот. Во гласот на мнозинството. Ќе се залагаме и ќе се активираме, ќе се шириме... ќе ги претвораме нашите клиенти во членови на оваа заедничка мисија. Дел од екипата. Ќе ја обезбедиме химната за секој еден од нас да се обрати кон другите кои се' уште не се инволвирани, да ги повлече, да ги регрутира од нашите улици.

Ве овластуваме да ни се приклучите и да го зграбите за рака човекот до вас, и тој да ја зграби раката на човек до него, и така натаму... бидејќи сите ние можеме да бидеме чувари на нашата природа.
Сите можеме да бидеме херои.
Секој еден од нас, до последниот.
Бидејќи во овој момент, на природата и' се потребни херои повеќе од кога и да било.

Тони Зен ни се приклучи во акцијата.

ЗАСАДИ ЈА ПРОМЕНАТА 

Сите сме свесни и ја препознаваме моќта на дрвјата да го подобрат квалитетот на еко-системот на нашата планета - а со тоа и директно нашата благосостојба. Квалитетот на воздухот на секој еден од нас. Тие не хранат, не засолнуваат и не заштитуваат - токму затоа мораме и ние да им возвратиме со заштита. Зависни сме едни од други. Ова е причината зошто се обврзавме да засадиме 50 милиони дрвја ширум светот во текот на следните 5 години.

За да ја оствариме оваа цел, се здруживме со седум партнери од целиот свет кои ни помагаат не само да засадиме дрвја, туку и да го исчистиме нашиот воздух, да ги зајакнеме нашите заедници и да создадеме економски можности. Заедно ќе ја засадиме нашата иднина.

Нашата цел е да инспирираме и зелено движење кое секојдневно, со мали, опипливи акции, ја носи големата промена за сите во општеството. Нашите херои сте вие, луѓето кои секој со својот талент, можности, волја придонесуваат кон промената кон подобра иднина за околината и луѓето, животните и растенијата во неа. Но потребно е да се дејствува, не само да се зборува... да ја оставиме планетава подобра отколку што ја најдовме, за следните генерации.

 


Овој викенд Timberland Македонија ќе им овозможи на своите потрошувачи да партиципираат заедно со својот омилен бренд во глобалната кампања "Nature Needs Heroes" преку различни активности, попусти и изненадувања во двете продажни места на брендот.
На природата и се потребни херои, а тоа сме ние!
Како дел од настанот “Nature Needs Heroes” на 16-ти ноември (сабота) во продавницата во Skopje City Mall, купувачите покрај можноста да уживаат во топол чај, печени костени, поволности при купувањето и персонализирано маички/дуксери, ќе можат и да ги остават своите стари тимберлендки во кутиите за рециклирање и да добијат попуст од 25% за купување на нов пар #ЖолтиЧизми!

Викендов уживајте во попустот од -20% на целата колекција, а во сабота се гледаме во Сити Мол!

 

Модел: Toni Zen
Облека и додатоци: Timberland Macedonia
Фотографија: Ani Dimi

Јакна: http://bit.ly/2qSJrgp
Капа: http://bit.ly/34VmbgG
Фармерки: http://bit.ly/2NKA3on
Патики: http://bit.ly/2qL84vN

Блуза: http://bit.ly/2poGQut
Фармерки: http://bit.ly/330GOr8
Хајкерси: http://bit.ly/2MXPlFJ
Капа: http://bit.ly/36ib7M8

15.11.2019.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...