Барај
%
×
Kids Collection
Ова се хит патиките за есенската сезона!
БЛОГ

Ова се хит патиките за есенската сезона!

 

По неколку месеци уживање во убавините што со себе ги носат сандалите, есента е вистинско време целосно да им се препуштиме на патиките и сите нови модели кои доаѓаат со неа.

 

Сосема очекувано, првите колекции на познатите брендови со себе донесоа нови трендови и фаворити, претставени преку шик модели кои совршено ќе ја надополнат секоја ваша есенска комбинација.

Она на што се радуваме оваа година, а се чини започна како тренд уште минатата, е тоа што во речиси секој едиторијал, дел од спортските патики се толку соодветно вметнати и во свечени и комбинации за на работа, што изгледаат покул од кога и да е.

Како и секоја сезона, така и оваа, брендовите повторно нудат бројни модели за сечиј вкус, па така, се чини ќе уживаме во неутралните модели, но ќе има и такви кои ќе понудат парчиња во ултра интензивни комбинации на бои.

 

Она што оваа година можеме да го посочиме судејќи според моделите кои досега имавме можност да ги видиме, е тоа дека веројатно ќе преовладуваат посмирени модели за разлика од оние „chunky“ на кои некако се навикнавме минатата година. Најважно од сè е тоа што патиките како и досега, не ја губат својата удобност во име на трендовите, па така доколку сè уште немавте можност да ги погледнете новите модели и да одберете, не двоумете се дека ќе уживате во било кој од нив. Во продавниците на нашите брендови, но и онлајн, веќе пристигнаа дел од новите модели патики кои знаеме дека ќе ги обожавате, а во продолжение и линк за да ги одберете фаворитите.

 

 

23.08.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии