Барај
%
×
Guess - La dolce Vita
Хит комбинации за незаборавно фестивалско лето со Fashion Group & Avalon
БЛОГ

Хит комбинации за незаборавно фестивалско лето со Fashion Group & Avalon

 

Ако досега не добивте информација кои локации се за паметење ова лето, ние сме тука да ве информираме и да ви ги посочиме најдобрите журки летово. И официјално, на 30 – ти јули можеме да ја прогласиме фестивалската сезона за отворена и со големо задоволство да ви го најавиме концертот на единствениот Бајага чии вибрации се секогаш толку позитивни и потсетуваат на најубавите ретро времиња.

 

 

Тој со целата негова екипа доаѓа на Антички театар на 30 – ти јули, а ден подоцна обожавателите ќе го гледаат на неповторливата Хераклеа во Битола.

Дека целото лето ќе ни биде супер исполнето со ултра кул забави на кои секогаш се потпишуваат Авалон продукција, потврдува и концертот на омилените Van Gogh на 06-ти август на Антички и на 07-ми август на Хераклеа, а подеднаква е и возбудата за оној на шармантната Данијела Мартиновиќ на 06-ти август на Хераклеа и на 07-ми август на Антички.

Последниот ден од месец јули и официјално започнува тридневниот фестивал Ohrid Calling на кој годинава е и повеќе од загарантирана добрата журка со Ofenbach, Mahmut Orhan, македонски диџеи и неповторливите Sara Jo и Senidah.

 

Машка комбинација за на Бајага: Кошула, фармерки, чевли, ремен

За да се подготвиме сосема навреме, денеска ви ги посочуваме најстилските комбинации што можете да ги направите со парчињата од нашите брендови, а за кои имате доволно време да си ги набавите во некоја од нашите продавници или онлајн.

Со оглед на тоа што речиси сите концерти се на уникатни места како Хераклеа и Антички театар, самата атмосфера ви дозволува да одберете стилски и во одредена мера елегантни парчиња во кои ќе оставите доволно впечаток, а истовремено ќе се чувствувате ултра удобно.

Веќе на Ohrid Calling заедно ја будиме имагинацијата и креативноста и одбираме некои од најуникатните парчиња од новите колекции на нашите брендови за шик фестивалски изглед сите три дена.

 

 Женска комбинација за на Бајага: Топ, панталони, чевли, чанта, обетки 

Токму на овие концерти треба целосно да и се препуштите на вашата комбинација и без размислување да ги одберете сите оние комбинации кои толку долго ги чувавте како резултат на недостатокот од вакви настани изминатиот период.

Откако ќе ја одберете совршената комбинација, не двоумете се и доволно време посветете им на модните додатоци кои значат буквално сè на овие настани. Секако, со вас понесете си ги и сите неопходни работи за да може целосно да и се препуштите на атмосферата и да уживате.

 

 

 Женска комбинација за Ван Гог: Бермуди, топ, чанта, чизми, обетки

 

 Машка комбинација за Ван Гог: Фармерки, маичка, патики, ремен, часовник

Со оглед на тоа што изминатите две години како да подзаборавивме на тоа што значеше добра журка и концерт, летната агенда на Авалон доаѓа во вистинско време да нè врати во најубавите времиња и да нè наполни со енергија за студената сезона што доаѓа.

Инспирирајте се од нашите комбинации и следете нè на социјалните мрежи за многу изненадувања во следниот период!

 

 Женска комбинација за Данијела Мартиновиќ: Фустан, потпетици, алка, ланче, чанта

 

 Машка комбинација за Данијела Мартиновиќ: Фармерки, кошула, маичка, патики

 Женска комбинација за Ohrid Calling: Елек, бермуди, патики, чанта, ланче, капа 

Машка комбинација за Ohrid Calling: Бермуди, маичка, ранец, капа, патики  

23.07.2021.

Слични статии

19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...
27.
Dec.
2023.
БЛОГ
Долгоочекуваниот сезонски попуст во Fashion Group започна! Искористи ја можноста за попусти до -50% и заврши ја годинава со шопинг каков што одамна не си има...