Барај
%
×
Forever denim with replay
Што последно направивте за Вашата мајка?
БЛОГ

Што последно направивте за Вашата мајка?

 

 

Иако 8-ми март и официјално е прогласен за Денот на жената во чии рамки се слават и мајките, во дел од земјите во светот, на 9 – ти мај се прославува Интернационалниот ден на мајките.

Доколку поради некоја причина на 8 – ми март не и го кажавте она што имавте на вашата мајка или пак не успеавте да ја израдувате со некој подарок, оваа недела е вистинскиот момент за тоа.

Можеби помисливте дека апсолутно не е потребен официјален празник за да им го дадете на вашите мајки сето внимание што го заслужуваат, но сепак, има некои денови во годината кога е убаво да го одбележиме нивното огромно значење во нашиот живот.

Се сеќавате ли кога последен пат и кажавте нешто убаво на вашата мајка или пак и го подаривте она што го посакува подолго време?

Можеби и не важно, кога последен пат поминавте квалитетно време со неа едноставно уживајќи во нејзиното присуство, потсетувајќи ја дека таа ја работи најтешката работа во светот, која воедно важи и за најубавата!

Овој викенд, потсетете ги колку нивното присуство во вашиот живот е значајно, без разлика дали имате 20 или 50 години, мајките се тие чие место и животни совети ништо не може да ги замени.

Во чест на мајките и сето она што секојдневно го прават, а можеби и не се свесни колку е тоа значајно, направивме една колекција во која секој од вас ќе го најде совршениот подарок со кој ќе им посвети мало внимание овој викенд.

Покрај подарокот што ќе го одберете, од исклучително значење е да им посочите колку се тие важни во вашиот живот и колку го цените сето она што постојано го прават за вас.

Во колекцијата, внимателно издвоивме подароци за сечиј вкус, па така одберете од понудата на чанти, совршено лежерни блузи за лето, пижами, чевли, накит и што уште не.

Посетете ги нашите продавници и одберете нешто сосема поинакво од пролетните колекции на брендовите и поканете ја вашата мајка на состанок овој викенд, кога заедно ќе уживате во моментите што во последно време станаа ретки.

Купете си исти чанти и бидете сигурни дека секогаш ќе ве потсетуваат една на друга или пак некои маички во кои заедно ќе уживате во топлите денови што следат.

Доколку го читате ова, а не сте блиску до вашата мајка, овој викенд задолжително одвојте време за долг видео разговор и испратете и специјален подарок на кој со сигурност ќе се израдува.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:
                                             

 

 

 

 

07.05.2021.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...