Барај
%
×
Live in LEVIS
Жолта среда во Timberland и Flash deals на -70%!
БЛОГ

Жолта среда во Timberland и Flash deals на -70%!

 

 

Иако утрово се разбудивме со облачно време, тоа не значи дека оваа среда не е посреќна од било која останата!

Ако сте од оние кои не уживаат во облачното време, додека го чекаме омиленото сонце, ве радуваме со две информации кои знаеме дека ќе ги обожавате.

Од денеска, во вашата омилена онлајн продавница Fashion Group во рамки на промоцијата Flash Deals ги ставивме најубавите парчиња за топлата сезона што е пред нас, на намалување до -70%.

Покрај ова, поради големиот интерес, повторно е актуелна „Жолта среда“ во Timberland во чии рамки добивате намалување од -20% на цела колекција, само денеска.

Оваа сезона, дизајнерите на брендот во фокус ги ставаат светлите бои, а стилизирањето го оставаат на креативната визија на нивните клиенти кои секогаш се воодушевени од парчињата кои денеска, ги добивате со неодоливо намалување.

Кога сме кај шопингот во среда, денот е прекрасен за да ги посетите продавниците на Timberland во Сити Мол и Рамстор и да го одберете вашиот нов дуксер, маичка на куси ракави или патики од мноштвото модели во новата колекција.

Сега е совршен момент да си ги набавите сите посакувани летни парчиња од колекциите на Mango, Springfield, Timberland и Parfois во рамки на вашата омилена промоција едноставно наречена Flash Deals.

Уживајќи во утринското кафе, оваа среда, направете го шопингот што толку многу го посакувавте, а само сега, за многу помалку, ќе добиете многу повеќе.

Речиси е невозможно пролетната сезона да ја замислиме без романтични кошулки со карнери или широки палта во утринските часови, па токму овие парчиња и многу повеќе сега можат да бидат ваши за многу пониски цени.

Момците пак можат да одберат од одличната понуда на маички на куси ракави или кошули во светли нијанси со потпис на Springfield и Timberland кои ќе бидат совршен избор за сите убави настани што допрва доаѓаат оваа пролет.

Промоцијата Flash Deals е одличен момент да одберете и подарок доколку се ближи некој повод, а оваа недела, не заборавајте на Денот на мајката и израдувајте ја вашата со парче по избор во кој никогаш не се сомневаме.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

05.05.2021.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...