Барај
Урбана и софистицирана нова колекција од Hugo Boss
БЛОГ

Урбана и софистицирана нова колекција од Hugo Boss

13.04.2021.

 

 

Кога ќе се спомене брендот Hugo Boss веројатно веднаш ви текнува на урбани и софистицирани парчиња кои се дел и од нивната нова колекција, достапна онлајн на Fashion Group и во продавницата на брендот во Скопје Сити Мол.

 

Повторно, и во оваа колекција неодоливо се провлекува исклучителното кроење кај парчињата кое овојпат се чини е доведено до совршенство, прикажано преку поло маичките на куси ракави, стилските кошули, пролетните јакни и фармерки, но и обувките како впечатливите патики и тренди чевлите.

 

Сите парчиња на германскиот луксузен бренд и овојпат се како создадени за ултра стилски комбинации, за секој еден клиент на брендот кој секогаш има уникатна визија за тоа како да ги комбинира истите.

 

 

Следејќи ги трендовите наметнати поради пандемијата, дизајнерите на брендот и овојпат направија поедноставни парчиња, но истовреме толку елегантни и урбани за да го истакнете секој еден ваш стајлинг.

 

Иако навидум со едноставни кроеви, парчињата од новата колекција на брендот дефинитивно ја задржуваат постоечката естетика и повикуваат на тренди пролет без разлика на тоа кое парче ќе го одберете.

 

Што се однесува до боите, палетата и овојпат се движи во неутрални нијанси, па така во колекцијата ќе најдете парчиња во бела, сива, црна, сина и крем нијанса.

 

Изработката е нешто во што не се сомневаме кога говориме за Hugo Boss, па така и овојпат ќе бидете сведоци на исклучителни материјали во кои ќе се чувствувате поубаво од кога и да е без разлика на пригодата.

 

Оваа пролет, истакнете ја индивидуалноста со новите парчиња на Hugo Boss и покажете му на светот дека промените допрва доаѓаат и истите почнуваат од себе!

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                            

Остави коментар

Trenutno nema komentara

Слични статии

14.
May.
2021.
БЛОГ
За да сме целосно подготвени за сите убавини што допрва доаѓаат, овој петок правиме преглед на најстилските фустани од нашите нови колекции кои се како созда...
07.
May.
2021.
БЛОГ
Доколку поради некоја причина на 8 – ми март не и го кажавте она што имавте на вашата мајка или пак не успеавте да ја израдувате со некој подарок, оваа...
05.
May.
2021.
БЛОГ
Од денеска, во вашата омилена онлајн продавница Fashion Group во рамки на промоцијата Flash Deals ги ставивме најубавите парчиња за топлата сезона што е пред...
04.
May.
2021.
БЛОГ
За топлите денови што следат, брендот подготви целосно нова колекција во која вметна некои од омилените класици како поло маичките и оние со препознатливото ...
29.
Apr.
2021.
БЛОГ
За денот да е уште поубав, токму од денеска во продавниците на Fashion Group стартува празничното намалување од -30%, но и многу други промоции на вашите оми...
28.
Apr.
2021.
БЛОГ
Оваа сезона, најстилските модни додатоци за разубавување на секоја комбинација се со потпис на Parfois од каде доаѓаат и најубавите кампањи кои повикуваат на...
27.
Apr.
2021.
БЛОГ
Овие денови се збогуваме со топлите парчиња во потемни нијанси и целосно се препуштаме на пастелната палета на бои кои секогаш потсетуваат на долги и топли п...
26.
Apr.
2021.
БЛОГ
Иако се чини дека сосема заборавивме како изгледаа ваквите настани кои во последно време се одржуваат преку разните видови на онлајн платформи, гламурот на о...
23.
Apr.
2021.
БЛОГ
За прекрасните денови што доаѓаат, направивме колекција едноставно наречена „Кежуал – шик“, токму во стилот во кој сакаме да ги поминеме сл...
22.
Apr.
2021.
БЛОГ
Оваа година, темата е „Да ја обновиме нашата Земја“, па она за што ние денеска сакаме да разговараме е од колкава важност се и одржливите материј...