Барај
20 базични парчиња што ви се потребни за тренди пролетна сезона
БЛОГ

20 базични парчиња што ви се потребни за тренди пролетна сезона

05.04.2021.

 

 

Без разлика на трендовите, во речиси секоја сезона постојат неколку основни парчиња со кои секогаш можеме да експериментираме и кои се совршена база за правење на супер стилски комбинации.

Пролетта е дефинитивно омилената сезона за правење шик комбинации, време кога идеите ни се на највисоко можно ниво, а парчињата поубави од кога и да е.

Кога ќе почнете да ги планирате комбинациите и ќе тргнете на пролетен шопинг, со вас треба да имате листа на неколку основни парчиња без кои дефинитивно нема да можете да направите ниту една стилска комбинација.

Вистински класици, но со сосема нови примеси во изгледот, оваа сезона постојат неколку базични парчиња кои секоја девојка треба да ги има во плакарот, а кои се ултра неодоливи и супер привлечни.

Топлата сезона ги замени џемперите и капутите со шик фармерки и здолништа во светли нијанси, миди фустани, класична црна кожена јакна, лежерни и романтични кошули, бели патики и што уште не.

Она убавото кај овие парчиња е тоа што ако ги споите истите, ќе добиете шик минималистичка комбинација, но ако си „играте“ со нив и ги надополните со модни додатоци во разни нијанси или некои впечатливи чевли, тогаш имате нова комбинација која раскажува сосема поинаква приказна.

Токму поради тоа, секогаш е добро да се инвестира во вакви парчиња со кои во текот на целата сезона, па и нешто подоцна, ќе можете да направите безброј комбинации.

Кога говориме за ваквиот вид модели, во новите колекции од нашите брендови кои веќе ве очекуваат во продавниците, ќе најдете исклучителен избор во кој верувајте ни дека ќе се вљубите.

На вашата листа за оваа пролетна сезона би требало да се најдат волуменозното палто во некоја пастелна или земјена нијанса, кожената јакна во нов модел, кошулата со впечатливи ракави, белиот фустан, пролетната јакна со извезени детали, белиот фустан, сивите патики, дуксер и тренерки во интересна боја, тексас здолниште, миди фустан со цветен дезен, како и малиот црн фустан како класик на кој секогаш му се враќаме.

Посетете ги продавниците на нашите брендови каде мерките за заштита од пандемијата се на највисоко можно ниво и подготвени дочекајте ги топлите денови на кои исклучително им се радуваме!

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

Остави коментар

Trenutno nema komentara

Слични статии

20.
Apr.
2021.
БЛОГ
Од денеска, во продавниците на вашите омилени брендови на Fashion Group како и онлајн, и официјално започнува меѓусезонското намалување до -30%, но и многу д...
16.
Apr.
2021.
БЛОГ
Она во што треба да сте сигурни е дека пастелните парчиња ќе ја претворат секоја ваша комбинација во исклучително шик и ефектен стајлинг, па така, ако с&egra...
15.
Apr.
2021.
БЛОГ
Чантите оваа сезона доаѓаат во сите бои и форми, па без разлика на вашиот стил, нашите брендови нудат сериозна понуда на модели од кои секој ќе си го најде с...
14.
Apr.
2021.
БЛОГ
Ако мислевте дека оваа среда не може да биде поубава, она што треба да го знаете е дека само денеска, ќе добиете -20% на целата колекција полна со тренди и у...
13.
Apr.
2021.
БЛОГ
Сите парчиња на германскиот луксузен бренд и овојпат се како создадени за ултра стилски комбинации, за секој еден клиент на брендот кој секогаш има уникатна ...
12.
Apr.
2021.
БЛОГ
Постои ли нешто поубаво од долга и топла летна авантура...? Иако се чини како да подзаборавивме на овие моменти, омилениот бренд за модни додатоци Parfois на...
09.
Apr.
2021.
БЛОГ
Сакајќи да ви го разубавиме секојдневието, овој викенд организиравме неколку промоции на онлајн продавницата на Fashion Group, но и во продавниците на брендо...
08.
Apr.
2021.
БЛОГ
Она што ние го направивме за да ви ја олесниме потрагата по најубавите парчиња е оваа шик колекција полна неодоливи парчиња совршени за пролет, од кои вие са...
07.
Apr.
2021.
БЛОГ
Парчиња од исклучително нежен материјал во бои и модели како никогаш досега, дополнително разубавени со впечатливи дезени кои никогаш нема да сакате да ги по...
06.
Apr.
2021.
БЛОГ
Популарниот бренд за новата пролетна сезона понуди сосема нова и исклучително стилска колекција едноставно наречена „Forward“ со што повторно ја ...