Барај
%
×
Live in LEVIS
Охрид – градот што ни ги разгали сите сетила за време на патувањето!
БЛОГ

Охрид – градот што ни ги разгали сите сетила за време на патувањето!

 

 

Кога ќе помислите дека сакате да ги направите најсончевите и најпозитивните фотографии за потребите на вашата кампања, Охрид е дефинитивно градот што прв треба да го ставите во вашата агенда.

Откако создадовме спомени за долго паметење во Скопје, заминавме за Охрид каде очекувано, нè дочека најубавото време на кое воопшто можете да помислите.

Речиси и да нема подобро добредојде од ова, па ако истото е надополнето со вкусно кафе и појадок покрај Охридското езеро, повеќе од сигурно е дека денот ќе биде фантастичен.

Нашите воодушевени гостинки ги пречека прекрасната и секогаш расположена, Ана Ристова, една од најпознатите инфлуенсерки во моментов, која за сосема кратко време им раскажа на Сара и на Дуња зошто Охрид е местото каде секогаш ќе сакаат да се вратат.

Ана Ристова: Јакна, кошула, бермуди: Guess, Чизмиочила за сонце: Mango

Вистинските доживувања се случија за време на патувањето со катамараните низ Охридското езеро, кои беа вистинска сензација и нешто што дефинитивно на сите ќе ни остане во сеќавањата.

Сара (Охрид): Дуксер: Superdry, Бермуди, патики: Guess, Ана Ристова: Јакна, кошула, хеланки: Guess, Чизми: Mango, Дуња: Палто: Guess, Маичка и фармерки: Miss Sixty 

Раскажувајќи им за највпечатливите моменти што ја одбележале историјата на Охрид, но и за сета убавина и мода која и денеска можеме да ја видиме низ тесните улички, Ана Ристова беше вистинска и совршена домаќинка на двете дами.

Облечени во парчиња од новите колекции на Guess, Miss Sixty и Superdry, трите девојки беа синоним за она што на сите ни недостасува – вистинска дружба и забава на која едвај чекаме да и се вратиме.

Денот немаше да биде целосен без прекрасното искуство што го доживеавме на терасата на прекрасната Tavola Bianca каде верувајте, ги пробавме најдобрите специјалитети какви што нема никаде!

Историјата и сиот тој шарм со кој девојките беа пречекани на уникатното место, едноставно е нешто што не се раскажува, туку дефинитивно треба да се доживее.

Денот заврши подобро од очекуваното, а резултатите говорат за тоа подобро од било кои зборови. Парчињата од новите колекции на нашите брендови совршено се вклопија во она што би се нарекло – неодолива пролетна идила, овојпат, насликана во Охрид, градот кој секогаш има толку многу да понуди.

Посетете ја нашата онлајн продавница и во сосема нови, стилски и урбани парчиња, создадете спомени на крајбрежјето какви што само вие знаете!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

29.03.2021.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...