Барај
%
×
Live in LEVIS
Пет комбинации со кои му посакуваме добредојде на март!
БЛОГ

Пет комбинации со кои му посакуваме добредојде на март!

 

 

Конечно, дојде и најубавиот месец од годината! Доколку сте од оние кои не се вљубени во зимата и студените денови кои по сè се чини дека ги оставивме зад нас, ова е вашето време да блеснете во полн сјај.

Ако деновиве немавте време да ги погледнете новите колекции на нашите брендови, овој први март ви претставуваме некои од најстилските парчиња и со истите правиме комбинации во кои знаеме дека ќе се вљубите на прв поглед.

Овој месец, бидете похрабри од кога и да е во однос на комбинирањето и наполнете го плакарот со тренди парчиња кои девојките ширум светот ги носат на најстилски можен начин.

Нешто без што оваа пролет не можете се дефинитивно пролетните лежерни парчиња како дуксерите и тренерките во пастелни нијанси, но и кошулите изработени од најубави материјали во кои ќе сакате да го поминете секој еден ден.

Сончевите денови од месец март со себе секогаш носат доза оптимизам која сега ни е потребна повеќе од кога и да е, па погледнете ја нашата понуда и дополнително расположете се со некое ново, пролетно парче.

Покрај класиците, во вашите плакари оваа сезона вратете ги удобните парчиња како фармерките во различни модели, пролетните мантили кои овој месец доаѓаат во најубавите пролетни бои, патиките што секогаш потсетуваат на удобни денови, но и модните додатоци кои овојпат се обоени во крем и златни нијанси.

Освежете го вашиот изглед со шик златни обетки, со повеќе ланчиња во оваа нијанса, но и часовници и алки за уште побогат стајлинг.

Нашите брендови овојпат прогнозираат опуштена и лежерна пролет каква што и сакаме, па така, одберете од неверојатната понуда на стилски и ултра удобни панталони, фустани со исклучителен принт, лесни плетени парчиња создадени за крај на студената сезона и што уште не.

Ефектниот изглед на парчињата и овојпат се крие во фантастичните кроеви, впечатливите детали, совршената палета на бои, но и моделите кои дефинитивно се едни од омилените годинава.

Без разлика на тоа кои парчиња ќе ги одберете, со сигурност тврдиме дека секое од нив одлично ќе изгледа на градските улици, особено ако на истите им додадете доза од вашиот личен стил во кој никогаш не се сомневаме.

Одберете ги вашите модни фаворити од понудата на нашите брендови онлајн или во продавниците и дочекајте ја пролетта со стил како што само вие знаете!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

 

01.03.2021.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...