Барај
%
×
Guess - La dolce Vita
Тропските бои се се што сакаме ова лето!
БЛОГ

Тропските бои се се што сакаме ова лето!

Постојат огромен број причини поради кои го обожаваме летото, а прекрасните тропски бои се една од нив!

Сончевите и топли денови се како создадени за транспарентни, лежерни и неодоливо колоритни парчиња кои денеска, само за вас, ги сместивме во нова и прекрасна колекција наречена едноставно „Tropical Colors“.

Ако во моментов си помисливте дека не сте од оние кои обожаваат вакви нијанси, сега е вистинско време за малку експериментирање.

Ова прекрасно лето ни дозволи да носиме тенко џемперче во зелена нијанса, комбинирано со уште постилско здолниште или едноставно, секогаш омилениот класик – белите фармерки.

Наместо класичниот црн костим за капење во кој секогаш се чувствувате толку сигурно, сезонава излезете од комфорната зона и без двоумење инвестирајте во костим за капење во интензивна жолта или сина нијанса.

Момците пак, ако досега одбираа маички на куси ракави во сигурни нијанси како бела или сина, сега носат маички со тропски принт и изгледаат подобро од кога и да е.

За специјалните пригоди кога сакате да оставите исклучителен впечаток, одберете лелеаво фустанче во сина или жолта нијанса и комбинирајте го со сандали во исто толку интензивна боја.

Најмалите се оние кои секогаш им се радуваат на овие слатки бои, па така нема да згрешите ако ги израдувате со комбинезон, фустанче или бермуди во некоја од неодоливите тропски нијанси.

Ниту денеска не смееме да заборавиме дека продолжува неодоливиот попуст до -50% на колекцијата пролет/лето 2020, а целата понуда можете да ја погледнете на следниов линк.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                            

13.07.2020.

Слични статии

19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...
27.
Dec.
2023.
БЛОГ
Долгоочекуваниот сезонски попуст во Fashion Group започна! Искористи ја можноста за попусти до -50% и заврши ја годинава со шопинг каков што одамна не си има...