Барај
%
×
Guess - La dolce Vita
Подостапни од кога и да е: Scotch&Soda од денеска и онлајн!
БЛОГ

Подостапни од кога и да е: Scotch&Soda од денеска и онлајн!

Овој петок не можеше да започне поубаво! Веста со која сакаме да ви посакаме среќен последен ден од работната недела е дека вашиот омилен бренд Scotch&Soda од денеска е достапен и онлајн на www.fashiongroup.com.mk и на мобилната апликација. 

Станува збор за бренд што подолго време можете да го најдете како дел од мултибрендот Fashion&Friends, но отсега сите парчиња со нивниот потпис можете да ги нарачате и онлајн.

Инаку, Scotch&Soda е холандски бренд кој постои од 1985 година, познат по впечатливите и кул парчиња кои се едни од омилените на младите луѓе ширум светот.

Секогаш урбани и поинакви, парчињата на брендот зрачат со посебен шарм, а истите се одраз на секогаш позитивната енергија по која се познати дизајнерите на Scotch&Soda.

Она што тие нѝ предлагаат за 2020 – та година, се исклучително релаксирани кроеви, кул и чисти бои, или како што самите ги класифицираат – модерни класици што секој треба да ги има во плакарот.

Токму по тоа е и познат овој уникатен бренд кој долги години создава парчиња кои се веднаш препознатливи, парчиња без кои вашата гардероба не би била целосна и кои можете да ги носите во бројни пригоди.

Што се однесува до материјалите, за топлата сезона брендот го става ленот на пиедестал како еден од најудобните, но овојпат создава машки кошули за сите момци кои сакаат нешто поинакво.

За свеж изглед, тие им велат на момците да експериментираат и да не се двоумат за целосно бела комбинација или пак вметнување на парчиња со принт што во нивната колекција е целосно рачно нацртан.

Истите правила важат и за жените – беспрекорни кроеви во неодоливи бои, комбинација на тенки плетени џемперчиња со палта од лен, но секако и многу парчиња во интензивни бои и секогаш неодоливите пруги.

Дозволете си едно посебно доживување овој викенд – закажете кафе со пријателите и нарачајте некое од парчињата на брендот на кој денеска му велиме добредојде и на нашата интернет продавница.

Затоа што секогаш се грижиме за вас, понудата на www.fashiongroup.com.mk продолжува да се зголемува!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                

28.02.2020.

Слични статии

19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...
27.
Dec.
2023.
БЛОГ
Долгоочекуваниот сезонски попуст во Fashion Group започна! Искористи ја можноста за попусти до -50% и заврши ја годинава со шопинг каков што одамна не си има...