Барај
%
×
Kids Collection
Парчињата од Mango што сите ги сакаат сега на – 30%
БЛОГ

Парчињата од Mango што сите ги сакаат сега на – 30%

Да, добро прочитавте! Од 24 – ти февруари, па сè до 04 март, само за вас креиравме специјална акција во која ги сместивме вашите омилени производи кои само сега ќе ги добиете на 30 проценти намалување.

Сите парчиња се од сезоната пролет/лето 2020, а меѓу нив ќе го најдете и совршениот капут со кој славно ќе ја завршите студената сезона, но и чизмите кои се вредна инвестиција и парче што можете да го носите и другата година.

За сите дами кои се вљубени во палтата, само сега на 30 проценти намалување можете да одберете едно од многуте, но и модел кој е дел од ексклузивната колекција на брендот наречена It suits you.

Во истата ќе најдете и неодоливи модели на лежерни блузички кои се како создадени за ова преодно време од годината, но и кошули со кои ќе ги направите совршените комбинации за на работа.

Подеднакво шармантни се и сите модели на панталони кои се како создадени за удобен ден во канцеларија, но има и такви во кои можете да бидете впечатлива и шик и во слободните моменти.

Брендот за оваа сезона нуди уникатни модели на панталони изработени од интересни и впечатливи материјали, па токму тука сите оние кои сакаат да експериментираат ќе ги најдат нивните фаворити.

Она на што не смееме да заборавиме е дека пред нас е можеби омилениот празник на жените, 8 – ми Март, па сега е совршениот момент да одберете подароци од кои секоја дама ќе биде воодушевена. Уште денеска, одберете и некој од моделите на тренди фустани за свеченоста што ви претстои, а на која сакавте да го украдете сето внимание.

Денеска е совршен ден да си го посветите попладнето себеси и да си нарачате некој од производите од омилените Mango кои сега ќе ги добиете со специјален попуст од 30 проценти.






















 




 

 Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                              

25.02.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии