Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Предвесник на пролетта: Зелената боја ја отвара топлата сезона!
БЛОГ

Предвесник на пролетта: Зелената боја ја отвара топлата сезона!

 

 

Деновиве времето е речиси совршено, па веќе почнавме да ги планираме најубавите комбинации кои толку долго ни стоеја во плакар.

 

 

Време е да се збогуваме со темните бои и целосно да им се препуштиме на светлите нијанси, а познатите девојки наговестија дека оваа топла сезона ќе ја отвориме со парчиња во зелена боја.

Секогаш уживајќи во новите трендови, ние издвоивме неверојатно стилски парчиња од нашите брендови со кои никогаш не било полесно да изгледате ултра стилски.

Она што е добро е што полека се збогуваме со капутите и целосно се препуштаме на потенките палта и шик јакни, со кои секогаш имаме безброј комбинации за правење, вредни за покажување низ градските улици.

 

 

Ако сега си рековте дека не сте од оние кои се лудо вљубени во зелената боја, обидете се барем еднаш да експериментирате за да сфатите колку всушност можности нуди оваа боја.

Таа со себе носи една поинаква ведра вибрација што значи дека истата никогаш не може да биде здодевна, ниту пак било која комбинација што вие ќе ја направите со неа.

Зелената боја секогаш е олицетворение на добро расположение, па нема да погрешите ако во оние денови кога ви треба енергија плус, во омилената комбинација додадете зелени парчиња.

 

 

Не двоумете се и одберете зелен впечатлив фустан за следната свечена пригода, додадете му шик модни додатоци и имате совршено добар изглед.

Ако сте од оние кои обожуваат модни додатоци и не сакаат да експериментираат со стилот, тогаш слободно набавете си чанта или некоја добра шапка во оваа нијанса.

Најголемата предност на зелената боја е тоа што истата им прилега речиси на сите, а тоа е дефинитивно реткост кај боите. Ако сè уште не сте го пронашле совршеното зелено парче со кое ќе ја отворите топлата сезона, ова се нашите фаворити!

 

 

 

 

 

 
 

 

 
 
 
22.02.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...