Барај
%
×
Live in LEVIS
Удобната долна облека повеќе не е здодевна!
БЛОГ

Удобната долна облека повеќе не е здодевна!

Да се пронајде вистинската долна облека е подеднакво важно како и да се пронајде вистинскиот чифт чевли, па поради тоа секогаш е потребно да ѝ посветите сериозно внимание.

Нема ништо поубаво од удобна долна облека во која ќе уживате во текот на целиот ден, а секако, истата треба и да е изработена од квалитетен материјал и моделот да е прекрасен.

Сето ова и многу повеќе ќе најдете во колекциите на омилениот бренд за долна облека, Women’secret, чии модели можете да ги нарачате на нашата онлајн продавница.

 

Women'secret градник - Од 1.399 ден. на 699 ден. 

Women'secret килоти - Од 499 ден. на 174 ден. 

Она што знаеме дека особено ќе ве израдува е тоа што моделите од колекцијата есен – зима можете да ги нарачате на намалување од 50 проценти, а не заборавајте ниту на колекцијата Limited Edition на која само онлајн, ќе добиете попуст од 20 проценти ексклузивно до 19 – ти јануари.

Women'secret градник - Од 1.599 ден. на 799 ден. 

Во колекциите на брендот ќе најдете голем избор на удобни и истовремено квалитетни и романтични парчиња, од кои секоја дама ќе го пронајде својот фаворит.

Само сега, по исклучително неодоливи цени можете да одберете од големиот избор на килоти, едноставни и памучни, но и романтични и секогаш секси.

Women'secret килоти - Од 799 ден. на 279 ден. 

Трендовите кај долната облека за оваа година велат дека романтичната тантела е добредојдена и во секојдневието, па одберете од шармантните модели што сезонава ги има во изобилство.

Секако, како и секоја година, така и оваа омилени на дамите се црните луксузни градници кои се соодветни за комбинирање со речиси секое парче облека. Подеднакво популарни и барани се и градниците во бела нијанса што се вистински класик во плакарот на секоја дама.

Women'secret градник - 1.599 ден. 

Купувањето долна облека е вистински мал ритуал кај дамите со кој покажуваат љубов кон себеси и своето тело, па доколку сè уште не сте ги одбрале совршените модели за вас, истото можете да го сторите уште денеска.

Сезонава удобното повеќе не значи и здодевно, со оглед на тоа што Women’secret нуди прекрасни парчиња долна облека кои истовремено се функционални и во кои ќе се чувствувате ултра лежерно во текот на целиот ден.

Women'secret градник - Од 1.199 ден. на 599 ден. 

Бременоста исто така е време кога сакаме да се чувствуваме прекрасно, можеби и повеќе од вообичаено, па не заборавајте дека токму во тие моменти треба да одберете удобна долна облека која и изгледа прекрасно.

Women'secret градник - Од 1.599 ден. на 799 ден. 

Иако празниците завршија, тоа не значи дека сега не е вистинскиот момент за подароци, па одберете и нарачајте онлајн модели од шармантната понуда на пижами, впечатливи сетови со зимски додатоци и топли прекривки.


Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:


                                      

 

17.01.2020.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...