Барај
%
×
WS New Collection

PRETTY, COMFORTABLE & SEXY

Топли Mango џемпери што ќе ги носиме од утро до вечер!
БЛОГ

Топли Mango џемпери што ќе ги носиме од утро до вечер!

 

Утрово нè дочекаа температури на кои се чини подзаборавивме, па ни требаше парче плус за да се стоплиме и вистински да уживаме во денот.

 

 

Ниските температури дефинитивно нè натераа остатокот од денот да го поминеме барајќи ги совршените топли џемпери во кои ќе изгледаме супер стилски, но и во кои секогаш вреди да се инвестира.

Вашиот омилен бренд Mango во новата колекција смести толку многу топли парчиња што девојките ги обожаваат, а знаеме дека и вие ќе го најдете вашиот фаворит.

 

 

За да ви ја олесниме потрагата, денеска направивме мала селекција во која ги сместивме сите оние џемпери во кои знаеме дека ќе изгледате неодоливо и секогаш стоплени.

Во секое едно парче ќе ја препознаете неодоливата естетика на брендот во која долги години наназад девојките се вљубени, а низ текстот ќе ги најдете можеби најслатките.

Она што е одлична вест е дека секој еден од џемперите е супер лесен за комбинирање, па така без разлика кој ќе го одберете, можете да го носите со омилениот џинс, кожено здолниште, панталони со висок струк и сè друго што ќе си замислите.

 

 

Истите се како создадени за секојдневието на работа, за кафе или ручек со пријателите, па дури и за некое вечерно излегување во студена ноќ, комбиниран со соодветното парче.

Кога говориме за боите и дезените, оваа зима е дозволено буквално сè, па така што и да одберете нема да згрешите.

Она што оваа сезона е супер е тоа што токму боите и моделите потсетуваат на вистински класици, па во кое парче и да инвестирате, ќе можете да го носите и следната година.

Овој студен ден е совршен за шопинг на најтоплите парчиња за оваа сезона, па со само еден клик можете да ги одберете вашите омилени.

 

 

 

 

 

22.11.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

30.
Nov.
2022.
БЛОГ
Во просториите на продавницата на италијанскиот ексклузивен бренд Dan John во East Gate Mall, вчеравечер се одржа супер забава со неповторливиот Ris Flower в...
25.
Nov.
2022.
БЛОГ
Речиси и да нема повозбудлив викенд од овој – Black Friday понудите и официјално започнаа во Fashion Group!
21.
Nov.
2022.
БЛОГ
Во супер опуштена атмосфера оваа сабота во продавницата на Timberland во East Gate Mall помина дружбата со познатите артисти Игор Стевковски – Стевац и...