Барај
%
×
WS New Collection

PRETTY, COMFORTABLE & SEXY

Timberland: Ги тетовиравме најкул чизмите за уште покул пораки!
БЛОГ

Timberland: Ги тетовиравме најкул чизмите за уште покул пораки!

 

Во супер опуштена атмосфера оваа сабота во продавницата на Timberland во East Gate Mall помина дружбата со познатите артисти Игор Стевковски – Стевац и Драган Китановски – Драш, кои го оставија својот печат на култните чизми на верните потрошувачи.

 

 

Обожавателите на брендот имаа можност да ги донесат своите омилени Timberland чизми и истите дополнително да бидат разубавени од вештите раце на познатите артисти кои направија неповторливи ремек дела.

Настанот беше вистинска есенска инспирација надополнета со вкусни слатки задоволства, а за време на викендот важеше и промоцијата од -20% на колекцијата есен-зима и подарок изненадување со секоја сметка.

 

Како и секогаш кога е Timberland во прашање, настанот предизвика голем интерес кај почитувачите на брендот кои во соработка со артистите направија вистинска уметност на култните чизми. На истиот се појавија некои од познатите македонски инфлуенсери и јавни лица кои години наназад уживаат во парчињата на брендот.

Со ова, уште еднаш се потврди фактот дека чизмите на Timberland се дефинитивно едни од најпознатите во историјата и омилени уште од 1973 година. Како што многумина споделија на настанот, а како што и впрочем е и нивното мото, чизмите на брендот години наназад инспирираат за истражување на природата, за уживање во нови авантури, за позитивно влијание врз светот...

Подеднакво значајна е и новата колекција на брендот која сосема навреме пристигна во продавниците на Timberland за да ги направите сите ваши комбинации со кои ќе се стоплите во претстојната зима.

Секогаш изработени од висококвалитетни материјали, пријатели на природата, потопли од кога и да е, брендот уште еднаш носи колекција стилски парчиња во неодоливи сезонски бои.

Подготвени целосно да се изразите себеси, токму овие парчиња ќе ви помогнат да оставите печат во деновите од студената сезона со кои допрва ќе се соочиме. Комбинациите надополнети со персонализираните чизми од брендот дефинитивно ќе бидат нешто со што ќе му се спротивставиме на студот што го очекуваме.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

21.11.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

30.
Nov.
2022.
БЛОГ
Во просториите на продавницата на италијанскиот ексклузивен бренд Dan John во East Gate Mall, вчеравечер се одржа супер забава со неповторливиот Ris Flower в...
25.
Nov.
2022.
БЛОГ
Речиси и да нема повозбудлив викенд од овој – Black Friday понудите и официјално започнаа во Fashion Group!
22.
Nov.
2022.
БЛОГ
Ниските температури дефинитивно нè натераа остатокот од денот да го поминеме барајќи ги совршените топли џемпери во кои ќе изгледаме супер стилски, но...