Барај
„Movember“ – Месецов, изгледаме добро однадвор и се чувствуваме супер одвнатре!
БЛОГ

„Movember“ – Месецов, изгледаме добро однадвор и се чувствуваме супер одвнатре!

 

Она што почна како шега еден ноември пред речиси 20 – тина години кога група пријатели сакаа да ги вратат мустаќите во мода, денеска е исклучително важна иницијатива за потсетување на тоа колку е важно машкото здравје.

 

 

Fashion Group како компанија која постојано се грижи мажите да изгледаат подобро од кога и да е, овој месец уште повеќе им се посветува на нашите драги пријатели и во име на движењето „Movember“, потсетува на тоа колку се важни навремените проверки и контроли.

Иако на темата за машкото здравје треба да се говори во текот на целата година, сите разговори за истото се концентрирани во еден месец во кој голем број на јавни личности говорат за важноста на машкото здравје и навремените проверки.

 

 

Токму тоа е она кон што долги години наназад движењето „Movember“ се стреми, да ја поттикне свеста кај мажите за важноста на нивното здравје, а последните години средствата собрани од организацијата помогнале да се остварат повеќе од 1.250 проекти за машкото здравје ширум светот.

Овој ноември, целосно посвети го на себе и на поттикнување на свеста за твоето и здравјето на твоите пријатели со тоа што ќе дозволиш барем еден месец да уживаш во твојот нов изглед со мустаќи. Со самото тоа, ти ќе бидеш оној кој ќе ги потсети момците колку се важни навремените прегледи за превенција на било која здравствена состојба.

 

 

Дека мустаќите се сосема кул и тоа не само во ноември, туку и секој друг ден од годината говори и изгледот на францускиот фудбалер Antoine Griezmann кој изгледа подобро од кога и да е во новата кампања за машката колекција на брендот Mango.

Како што самиот ќе каже, оваа сезона сите треба да бидеме оние кои ја менуваат играта, па почни од себе и закажи рутински преглед во име на „Movember“.

Новите колекции на сите брендови на Fashion Group се полни уникатни парчиња наменети токму за оние луѓе кои секогаш сакаат нешто повеќе, кои сакаат сами да ги поставуваат правилата.

Овој ноември, истакни се од толпата со твојот нов изглед и впечатливите парчиња од нашите брендови и уште еднаш потсети ги сите дека колку е значајно да изгледаш добро однадвор, уште позначајно е да се чувствуваш добро одвнатре.

Те чекаме во продавниците на нашите брендови заедно да ја одбереме твојата комбинација од новите колекции која совршено ќе ти прилега со новиот изглед!

 

 

 

 

 

13.11.2022.

Слични статии

10.
May.
2024.
БЛОГ
Дали си и ти еден од 70.000 регистрирани корисници на онлајн продавницата на Fashion Group? Ако одговорот е да, тогаш сме многу среќни што си дел од големото...
16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...