Барај
%
×
Parfois
Fashion Group тим: За успех, излезете од комфорната зона!
БЛОГ

Fashion Group тим: За успех, излезете од комфорната зона!

 

Неодамна модната групација Fashion Group ја промовираше својата кампања во која овојпат ангажираше дел од своите вработени да ги претстават колекциите на нивните популарни брендови.

 

 

За време на снимањето на кампањата, вработените со ентузијазам говореа за нивното работно секојдневие во компанијата, но и за предизвиците со кои се соочуваат сакајќи да им помогнат на нивните клиенти да го најдат најдоброто за себе.

Секој од нив ќе се сложи дека за да се напредува, потребно е да се излезе од комфорната зона и да се покаже најдоброто од себе и само на тој начин, ќе придонесете за вашиот личен успех, но и успехот на ниво на компанијата.

Она што го спојува секој тим што зрачеше со посебна енергија на секој ден од снимањето е токму тоа, нивната неверојатна пасија кон работата, тоа што се ценат меѓусебно, амбицијата и ставот како нешто што им помага да го прикажат нивниот целосен потенцијал.

 

 

„Fashion Group како еден од основоположниците на секторот за малопродажба на македонскиот пазар за мене претставува вистинска инспирација и поттик за професионален и личен развој. Долгогодишните успеси на компанијата се привилегија, но и одговорност за сите нови кадри да го дадат својот максимум за одржувањето на водечката позиција, но и унапредување на уште повисоко ниво. Накратко, Fashion Group за мене е совршена работна средина во која како млад човек можам професионално и креативно да растам и да се надоградувам учејќи од најдобрите“, вели Аполонија Антиќ од Fashion&Friends.

Андреј Милуновиќ од Dan John вели дека за него како млад човек, Fashion Group е компанија која на многу начини им дозволува да испишат успешни приказни во кариерата.

„Иако сум на почеток, со секојдневниот труд и мотивација се надевам дополнително ќе придонесам за целокупниот успех на компанијата, но и за мојот личен“, вели тој.

„Fashion Group претствува синоним за најновите модни трендови и најпосакуваните светски брендови за секоја возраст и сечиј вкус. Како дел од оваа компанија од големо значење за мене е тоа што токму тука можам да ја покажам својата креативност и амбициозност и секојдневно да се надоградувам во сферата на модата. Задоволството е огромно кога се работи со луѓе посветени на својата работа, луѓе кои точно знаат што сакаат и имаат јасна визија за финалниот производ, а токму такви луѓе го сочинуваат тимот на Fashion Group“, објаснува Михаела Богоевска од брендот Guess.

 

 

Алмир Мили како дел од визуелниот тим на компанијата вели дека Fashion Group е компанија која гради кариерен развој и инвестира во своите вработени.

„За мене и земајќи ја во предвид мојата работа во ФГ како дел од луѓето кои го градат имиџот на компанијата, претставува платформа преку која креативно го изразувам својот талент и визуелно го комуницирам со нашите потрошувачи“.

Бренд менаџерката на Women' Secret Габриела Момировска се согласува и го споделува следното:

„Моето седумгодишно искуство доволно говори за мојата соработка со Fashion Group. Како некој што уште од првиот работен ден се пронашол во својата работа и се стремел да напредува, среќна сум што како фирма го препознаа тоа во мене и ми ја дадоа можноста постојано да се надоградувам и да напредувам. Тоа колку што е постигнато со сопствен труд и воља, толку е постигнато и со взаемно и колегијално споделување на искуството од колегите. Сите ние без разлика во кој бренд работиме, заедно имаме иста цел и секој успех е заеднички. Затоа и ми е мило што сум дел од овогодинешната кампањата на Fashion Group која што е олицетворение на нашата позитивна енергија и сплотеност која што не отсликува како едно големо семејство“.

Кристина Момировска од Parfois ќе каже дека е најсреќна затоа што сите работат како еден тим, нешто што им помага да ја постигнат посакуваната цел.

 

 

„Колку што ние самите се вложуваме во работата и се трудиме да одиме кон нагорна линија, толку оваа групација ни ги отвара вратите кон можност за поголем раст и напредување. Почнувајќи од можноста за просперитет, надградување и раст на работно поле, па се до вистинските пријателства и дружби кои ги има во оваа групација. Можам да кажам дека Fashion Group, создаде едно големо семејство и чест ми е што сум дел од истото“, вели Кристина.

„Fashion Group за мене претставува компанија од која уживам да сум дел и во која секојдневно уживаме во одличните услови и поволности за работа. Повеќе од чест ми е што сум дел од компанија која нуди брендови чии колекции се во чекор со најсовремената мода“, вели Моника Младеновска од Boss.

Наде ќе каже дека е и повеќе од привилегирана што има можност да работи во компанија која во нашата земја ги носи последните колекции на некои од најпознатите светски брендови.

„Fashion group за мене претставува спој на исклучителна мода, кариера и тимови со посебна харизма. Место каде што е задоволство да работиш со успешни колеги, посветени на својата работа. Како голем љубител на модата за мене е многу важно сопственото искуството, предводено од својот стил и разбирањето на брендовите да го пренесам на купувачите со цел да добијат едно комплетно искуство при пазарување во нашите брендови“.

Ѓурѓица Павловска од Hugo Boss завршува со мислата дека и е драго што долги години е дел од компанија која успева да направи сите да се чувствуваат како едно големо семејство.

„Драго ми е што сум дел од компанија која на секој поединец  кој е посветен, амбициозен и има позитивен пристап кон работата, му дава можност за професионален напредок и успех“, завршува таа.

 

 

„За мене, Fashion Group претставува едно големо семејство со кое уживам да работам изминатите 10 години. Сите тие утрински разговори, самото секојдневие исполнето со успешна работа и самиот тим од кој сум дел, се предизвик за уште понатамошни победи како на лично, така и на ниво на компанијата. Да бидеш дел цела една деценија од компанија како Fashion Group за мене е личен, но и професионален успех за кој се заслужни сите колеги со кои во изминатите години го градевме патот кон успехот“, вели Александар Трпушевски, дел од тимот за корисничка поддршка. 

Веројатно и не постои вљубеник во добриот стил што не го познава Зоран Костадиновски - Жорж кој со децении се грижи момците во градот да изгледаат подобро и од она што може да го замислат. Долги години дел од Bitsiani, тој беше вистинска инспирација како дел од есенската кампања на Fashion Group. 

За себе ќе каже дека секогаш одбира да носи нешто за што знае дека му прилега добро, нешто што знае дека ќе умее да го износи. Потенцира дека е предизвик да се работи во Bitsiani и чест му е што повеќе од 20 години успева да одговори на истиот.

За неговиот тим со кој и повеќе од очигледно е дека функционираат одлично, ќе каже дека тоа не е било каков тим, туку среќен и успешен тим, каде ентузијазмот и желбата за самодокажување постојано се на највисоко можно ниво.

31.10.2022.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...