Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Кампања „Во мојот моден свет“: Вработените во Fashion Group со ентузијазам за нивните приказни!
БЛОГ

Кампања „Во мојот моден свет“: Вработените во Fashion Group со ентузијазам за нивните приказни!

 

Откако неодамна модната групација Fashion Group ја промовираше новата кампања едноставно наречена Fashion Group: Во мојот моден свет!, не стивнуваат позитивните реакции за ангажирањето на дел од вработените од компанијата како модели за истата.

 

 

 

Секогаш ултра расположени и позитивни кога е работата во прашање, учесниците во кампањата на Fashion Group несебично го споделија нивното искуство и приказните за тоа како станале дел од најголемата модна групација во Македонија.

Она што е заедничко за сите нив е пасијата со која говорат за работата и за тоа колку е важно нивните клиенти да се среќни, а со подеднаков жар во очите раскажуваат и за начинот на кој компанијата ги промовира новите колекции – токму со нивниот ангажман.

Заслужни за сите оние пријатни моменти кои ги минувате во продавниците на познатите брендови, тие ги раскажуваат нивните приказни за тоа како им минуваат деновите и зошто сосема на крај, најважно е сите дома да си заминат задоволни.

Облечени во ултра стилски комбинации од новите колекции на брендовите, момците и девојките блеснаа во кампањата која изгледа и повеќе од светски.

„Fashion Group претставува групација која успешно ги препознава вистинските квалитети и можности кај вработените и секогаш нуди одлична можност за напредок“, го почнува разговорот Виолета Мешковска од Окаиди.

 

 

Мислењето што сите го делат е тоа дека работната средина во секоја од продавниците на брендовите на компанијата е исклучително стимулирачка, а ова го потврдува и Симона Спасовска од Replay која ќе каже дека токму тука добила можност за напредок и реализација на нејзиниот потенцијал, како и да ги усоврши нејзините продажни способности за уште поголем успех.

Анастасија Стојановска од Geox раскажува дека од самиот почеток на нејзината приказна во компанијата, тимот функционира беспрекорно како едно големо семејство.

„Уживаме во секојдневието исполнето со многу уникатни парчиња, трендови, одличен дизајн и секако, секогаш добра дружба и сплотеност“, вели Анастасија. 

„До успех не се доаѓа лесно, но со вложен труд, решителност и добар тим, успехот е неизбежен. Среќна сум што сум дел од Fashion Group, компанија која на своите потрошувачи им ги доближи светските брендови и можноста да бидат модерни и во тренд, свои, но поинакви. Сметам дека и во иднина Fashion Group ќе биде дел од шарениот мозаик на модата во Македонија и ќе креира безброј успешни модни приказни“, вели Теа од Springfield.

 

Дека работата во Fashion Group секојдневно носи предизвици со себе потврдува и Бајрам Сејфула кој ќе каже дека токму во Fashion Group стекнал нови, исклучително позитивни пријатели и чест му е да е вработен во една од најголемите модни групации во земјава.

Неговиот ентузијазам кога е работата во прашање го дели и Али Аручи од омилениот бренд на дамите, Guess кој вели дека компанијата со сите овие години на постоење само докажува колку е успешна во малопродажниот сектор. За него претставува особено задоволство што работи со бренд од светски калибар како што е Guess, а истото се обидува да го пренесе и на неговите клиенти чие задоволство секогаш е поттик за уште подобра енергија.

 

 

Дека брендовите на Fashion Group заземаат едно посебно место во градот кога е модата во прашање потврдува и Глигорие Глигоров од Fashion&Friends кој раскажува дека секојдневието исполнето со неговите клиенти и колеги за него е особена инспирација и радост.

„Да се работи во најголемата модна групација во Македонија е како да го живееш својот сон. Fashion Group за мене е едно големо животно искуство што ме прави среќен и исполнет, особено моментот што сите сме како едно големо семејство каде се ценат квалитетите и на секој поединец. Се надевам на долгогодишна соработка и многу успешни сезони заедно како тим“, вели Јовица Даскаловски од Mango.

„„Fashion Group“ за мене претставува мотивација и можност за успешно да чекорам напред и професионално да ги надградувам работните способности и благодарна сум што ја имам таа можност да бидам дел од тимот на оваа групација“, вели Јелена Вујошевиќ од Kiko Milanо.

 

 

 

25.10.2022.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...