Барај
%
×
Live in LEVIS
Сите комбинации со кои Меган ги прекрши правилата
БЛОГ

Сите комбинации со кои Меган ги прекрши правилата

Доколку сте од оние кои барем еднаш дневно ги прегледуваат светските медиуми, тогаш сигурно дознавте за пресвртот што се случи во британското кралско семејство.

Со официјална објава на социјалната мрежа Инстаграм, Хари и Меган ја информираа јавноста дека се повлекуваат од кралското семејство, односно дека ќе работат на тоа да станат финансиски независни.

Фото извор: Vanity Fair

Притоа, заедно со синот Арчи ќе живеат на релација Британија и Северна Америка, но ќе продолжат целосно да ја поддржуваат Кралицата Елизабета.

По бројните напади и критики врз Војвотката од Сасекс, ова беше сосема очекуван чекор на принцот Хари, иако многумина не го одобруваат нивниот потег.

Фото извор: Harper's Bazaar

Неодамна, тој поднесе тужба против британските медиуми за острите критики кон неговата сопруга, за што тој ќе каже дека историјата се повторува, мислејќи на случајот со неговата мајка, принцезата Дајана, која имаше трагична судбина.

Сакајќи да го заштити неговото семејство, Хари се реши на потег што не е прв во кралското семејство, но изненадувачки за поново време.

Ова не е прв пат тие да го прекршуваат кралскиот протокол. За почеток, со одобрение од кралицата, тие се преселија во сосема засебна куќа, не ги следеа правилата кога се роди бебето Арчи и што уште не.

Фото извор: People.com

Зборувајќи за кршење на правилата, Меган тоа го правеше и со изборот на комбинации за јавни појавувања, кои иако секогаш одбрани со вкус, британскиот народ понекогаш не можеше да ги прифати.

Секако, тоа им одеше во прилог на брендовите чии парчиња таа ги одбираше, а кои ги продаваа истите со неверојатна брзина откако Меган ќе се појавеше во нив.

Фото извор: Kirsty Wigglesworth Pool Getty Images

Откако беше критикувана дека носи многу скапи парчиња, војвотката го промени пристапот и почна да носи комбинации од достапни брендови, чија заработка порасна преку ноќ.

Иако можеби претерано, на жените во кралското семејство не им е дозволено да носат здолништа, барем во минатото, а особено не куси, нешто што Меган честопати го прекршува. Исто така, секогаш кога носат, здолништата или фустаните мора да ги комбинираат со хулахопки, а кај Меган тоа не било случај ниту еднаш.

Фото извор: Getty images

Традицијата во кралското семејсво вели дека неговите членови не смеат да носат целосно црни комбинации, освен ако не одат на погреб или свечен настан, а тоа е нешто што исто така Меган не го почитува. Подеднакво важна е и фризурата која секогаш треба да биде прибрана или добро исчешлана, а самите знаете дека таа е голем обожавател на фризурата наречена „messy bun“.

Фото извор: Samir Hussein WireImage

Без разлика на сите овие моменти, мора да признаеме дека Меган Маркл е модната икона на новото време и стилска инспирација за многу дами. И секако, вистинска бунтовничка кога е во прашање кралскиот протокол. 

Фото извор: Closer Weekly

Фото извор: Karwai Tang WireImage

Фото извор: Gotham GC Images

Фото извор: Tim Clayton Corbis via Getty Images

Фото извор: Tristan Fewings BFC

Фото извор: Tim P. Whitby Pool via AP


Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:


                                                 

10.01.2020.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...