Барај
%
×
Live in LEVIS
Очилата за сонце со кои сме опседнати!
БЛОГ

Очилата за сонце со кои сме опседнати!

 

 

Без разлика на трендовите, постои еден задолжителен моден додаток кога се сончевите денови во прашање, а веројатно веднаш погодивте дека станува збор за очилата за сонце.

 

 

Иако моделите и стилот кај истите секогаш се менува, вие без размислување можете да си ги задржите вашите омилени и да изгледате шик вметнувајќи ги во сите комбинации.

Доколку пак сакате постојано да ги менувате и уживате во шопинг на истите, денеска ви предлагаме неколку сосема нови модели со кои славно ќе го завршите летото.

 

 

Без разлика кој модел ќе го одберете, бидете сигурни дека ќе бидете исклучително шик само доколку ги носите со вистинска самодоверба и доколку истите сериозно ви се допаѓаат. Обидете се никогаш слепо да не ги следите трендовите, туку пронајдете ги оние што вам ви се допаѓаат и кои уживате да ги носите.

Кога се очилата во прашање, доколку сте љубител на минималистички комбинации, без размислување можете да купите некои во вибрантна боја како интензивна црвена или некоја ваша омилена и да бидете супер впечатливи каде и да се појавите.

 

 

 

Доколку сте од оние пак кои обожуваат да експериментираат со облеката, тогаш или внимателно одберете подеднакво експериментални очила или одете на сигурна варијанта и одберете некои во неутрална нијанса.

Ние одбравме некои од нашите најголеми фаворити за последните денови од летото, па денеска ги споделуваме со вас. Набaвете си го омилениот модел и бидете сигурни дека ќе бидете заштитени од сонцето, но истовремено и шик!

 

 

 
 

 

 
 
 
08.08.2022.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...