Барај
%
×
Live in LEVIS
Новогодишни празници за сите
БЛОГ

Новогодишни празници за сите

По повод роденденот на Okaïdi во соработка со Црвен крст на град Скопје, организиравме забава за корисниците од дневниот центар за церебрална парализа.

За прекрасната забава се погрижија пејачката Дани Димитровска и младата тинејџ ѕвезда Симеон Коруноски кои направија навистина одлична атмосфера.

Во празнично уредениот простор пред продавницата на Okaïdi во Скопје Сити Мол сите присутни уживаа во новогодишната магија и во друштвото на познатите македонски ѕвезди.

За сите присутни од Центарот за церебрална парализа подготвивме подароци во најубавото време од годината кога секој ваков гест е драгоцен.

Празничната сезона треба да е подеднакво убава за сите, па ни беше ѝ повеќе од драго што успеавме да им разубавиме еден ден на овие млади луѓе.

Под слоганот „Новогодишни празници за сите“, прославивме уште еден прекрасен роденден на омилениот бренд за детска облека Okaïdi во неверојатно друштво, а дел од атмосферата гледате во продолжение.


Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:


                                

27.12.2019.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...