Барај
%
×
Live in LEVIS
Стевка Попова: Parfois е еден тим!
БЛОГ

Стевка Попова: Parfois е еден тим!

 

Кога ќе помислите на модни додатоци, веројатно брендот што прв ви доаѓа на ум е Parfois. За целиот тим беспрекорно да функционира и продавниците секогаш да се во совршена форма, задолжена е бренд менаџерката Стевка Попова која повеќе од 15 години е дел од Fashion Group.

 

 

Токму оваа бројка говори за обостраната посветеност кон успехот и она што е најдобро за клиентите кои секогаш се на прво место.

Приказната на Стевка започнува сосема случајно, кога пред 15 години својата кариера ја започнува како продажен асистент во продавницата на Timberland.

„Секојдневната комуникација со различни потрошувачи, предизвикот да се задоволат најразличните барања, а крајниот резултат секогаш да бидат среќни и насмеани клиенти, за мене претставуваат големо задоволство и мотивација. кои придонесуваат за стекнување големо искуство и унапредување на професионално ниво“, раскажува Стевка.                                                                                                                                                                                                             

Како нешто најзначајно во нејзината кариера во која имала исклучителен напредок, таа го издвојува тоа дека кога ќе се дојде до посакуваната позиција задолжително треба да се остане фокусиран, приземен и да продолжи да се гаи амбицијата за учење на нови работи.

„Целото искуство да се искористи разумно во реализација на секојдневните обврски, но и тоа искуство несебично да се сподели со останатите колеги. Соработката и разбирањето со тимот, нивната постојана мотивација, нè води сите зеадно кон заеднички успеси и задоволства“, додава таа.

 











 

Во однос на тоа како да се надминат сите потешкотии и да се остане толку многу години во една компанија, постојано стремејќи се кон нови успеси, таа вели дека кога се чувствуваш максимално исполнет и среќен во својата работа, не постојат никакви пречки.

 

„Токму пак унапредувањето на повисока позиција е уште еден доказ дека се работи со љубов, посветеност и правилен со пристап“.

 

 

 
28.07.2022.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...