Барај
Два фустани Mango се подобри од еден!
БЛОГ

Два фустани Mango се подобри од еден!

 

Веројатно не постои девојка на светот која не е воодушевена од стилот на шпанската кралица Летиција, а таа уште еднаш докажа зошто е тоа така.

 

 

Секогаш одбирајќи исклучително стилски парчиња, на церемонијата на доделувањето на наградите на истакнати луѓе во нивната професија, кралицата и една дама од наградените се појавија во исти фустани што многумина би го сметале за невкусен момент.

Но, благодарение на секогаш позитивната Летиција и подеднакво расположената професорка по право Вивас – Тесон, моментот стана вистинска сензација на Интернет.

 

 

Доделувајќи и ја наградата, тие се прегрнаа и навистина интересно реагираа на случајниот момент кој се претвори во случка за паметење.

Имено, фустанот е со потпис на еден од омилените брендови на кралицата, Mango, соодветен за бројни специфични прилики и навистина впечатлив за секоја прилика во која сакате да се истакнете.

Станува збор за фустан изработен од исклучително пријатен материјал, половина црна, а половина бела нијанса, со ремен во темна боја на половината, што го прави неверојатно елегантен.

 

 

Двете дами го комбинираа фустанот со црни потпетици и чанти во иста нијанса, и со нежен накит и шминка кои совршено одговараат на моделот.

Инаку, наградите што секоја година традиционално ги доделува кралицата Летиција, се однесуваат на лица кои се истакнати во својата работа, а кои им помагаат на лицата со попреченост полесно да се вклучат во општеството.

Овој и многу други стилски фустани за претстојната пролет можете да најдете во продавниците на Mango во Сити Мол и Ист Гејт Мол, но и на нашата онлајн продавница преку следниот линк.

 

 

 

06.05.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

20.
May.
2022.
БЛОГ
Се чини еден од највозбудливите периоди од годината, полн гала настани, забави и премиери како никогаш досега. По двегодишна пауза од социјалниот живот, секо...
17.
May.
2022.
БЛОГ
Дуа Липа е лице на насловната на култното модно списание Вог за месеците јуни и јули, па се чини и да нема поголема инспирација од неа оваа сезона.  
13.
May.
2022.
БЛОГ
Ако сте од оние што ги обожаваат скандинавските блогерки, тогаш веројатно сте слушнале за ултра стилската Пернил Тесбек, која важи за една од омилените.
10.
May.
2022.
БЛОГ
Откако подолг период малку како да подзаборавивме како изгледа една добра забава, повторно се враќаме на дружбите со пријателите и прекрасните поводи на кои ...
03.
May.
2022.
БЛОГ
Утрово се чини сите ги разнежни можеби највпечатливиот момент на синоќешната Мет Гала, кога актерот Рајан Рејнолдс со вљубен поглед и аплаудираше на неговата...
29.
Apr.
2022.
БЛОГ
Секогаш полн свежи парчиња што го привлекуваат вниманието, новата колекција на Dan John повторно е одраз на она како треба да изгледа совршениот маж, со супе...
27.
Apr.
2022.
БЛОГ
Како групација, многу често говориме за големината на семејството и секогаш на било кој начин се обидуваме да ви прикажеме што за нас значи истото, па овој В...
20.
Apr.
2022.
БЛОГ
Дека секогаш најдобрите дизајнерски колекции можете да ги најдете на едно место веќе знаете, а она со што дополнително ја разубавуваме оваа среда е информаци...
19.
Apr.
2022.
БЛОГ
Сосема навреме за матурската вечер, вашата омилена модна групација Fashion Group ги претстави новите колекции на своите познати брендови, сега, пософистицира...
15.
Apr.
2022.
БЛОГ
Ви здодеаја сите оние еднолични парчиња кои како единствено да беа понудени во месеците кога со нетрпение чекавте да се дотерате за матурската вечер? Оваа го...