Барај
%
×
DAN JOHN - Италијански бренд за софистицирани мажи

Нова колекција за тебе и твоите пријатели.

Блејк Лајвли го „украде“ вниманието на Мет Галата 2022
БЛОГ

Блејк Лајвли го „украде“ вниманието на Мет Галата 2022

 

Утрово се чини сите ги разнежни можеби највпечатливиот момент на синоќешната Мет Гала, кога актерот Рајан Рејнолдс со вљубен поглед и аплаудираше на неговата сопруга која изгледаше како модерна кралица на овогодинешното издание на најинтересната ноќ во модата.

 

 

Облечена во спектакуларна креација на Ателје Версаче, прекрасната актерка ги „украде“ сите погледи кога пристигна на годинешното издание на Мет Галата чија тема годинава беше – Антологија на модата или давање признание на сите „неопеани“ херои на американската мода.

Неверојатен момент се случи кога таа со помош на тројца асистенти го претвори фустанот што инаку беше ода на Статуата на слободата, во фустан со сини нијанси кој асоцираше на корозијата што моментално се случува на култниот споменик.

 

 

Сосема очекувано, по две години ковид хаос, на црвениот килим видовме некои од најпознатите лица во Холивуд, облечени во исклучително интересни и впечатливи златни, сребрени и црни креации, сите на свој начин посебни, истакнувајќи ја важноста на американскиот дизајн.

Ѕвездите и оваа година одбраа креации на некои од најпознатите вклучувајќи ги Версаче, Баленсијага, Диор, Барбери, Оскар де ла Рента, Вивиен Вествуд и многу други.

 

 

 

Најинтересна со креацијата веднаш по Блејк Лајвли беше Ким Кардашијан која беше олицетворение на Мерилин Монро, облечена во култниот златен фустан што Мерилин Монро го носеше кога му пееше на Џон Ф.Кенеди во 1962 – та година.

Со ова, старлетата и официјално го носеше најскапиот фустан во историјата на Мет Галата.

Доста впечатливи на црвениот килим беа и другите сестри Кардашијан, но и манекенката Џиџи Хадид која изгледаше навистина интересно во темно црвена креација на Версаче.

За тоа како изгледаа ѕвездите на најгламурозната ноќ во модата, гледате низ текстот.

 

 
 
 
 
 

 

 

 

 

 

Фотографии: Vogue 

03.05.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

22.
Jun.
2022.
БЛОГ
Ова лето, за топлите денови да бидат уште поубави, модните трендови донесоа мноштво парчиња токму во оваа боја, совршено навреме за на плажа.
21.
Jun.
2022.
БЛОГ
Серијата инспиративни разговори ја започнуваме со Ивона Пајиќ, менаџер на продавницата на Women’secret во Скопје Сити Мол, која долги години ужива во м...
15.
Jun.
2022.
БЛОГ
Ако веќе ги одбравте парчињата во кои планирате да го поминете секој еден ден на плажа, време е да ги „зачиниме“ комбинациите со супер накит!
13.
Jun.
2022.
БЛОГ
Ако сè уште не го најдовте вистинското парче за ова лето што ќе ви го олесни правењето на сите комбинации, тогаш денеска ве запознаваме со култните бе...
07.
Jun.
2022.
БЛОГ
Ви треба некое супер шик парче кое истовремено е толку елегантно, изработено од најдобрите материјали и неодоливо тренди? Тогаш, ве водиме во продавницата на...
03.
Jun.
2022.
БЛОГ
Ако сте од оние кои секогаш сакаат уникатно парче што раскажува посебна приказна и е направено од најквалитетните материјали што некогаш сте ги виделе, тогаш...
02.
Jun.
2022.
БЛОГ
Ако досега момците едвај чекаа да дојде лето за да ги носат нивните омилени маички, оваа сезона, најстилските носат шик кошули на куси ракави!
30.
May.
2022.
БЛОГ
Пред вас е летна венчавка на која сакате да блеснете, а не сте сигурни каква комбинација да одберете? Новите колекции на брендовите на Fashion Group секогаш ...
26.
May.
2022.
БЛОГ
Иако официјално како сè уште да сме далеку од летото, топлото време овие денови нè натера да ја забрзаме потрагата по летните аранжмани и да го...