Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Единствените модни додатоци што ви требаат оваа година!
БЛОГ

Единствените модни додатоци што ви требаат оваа година!

 

Иако во неколку наврати говоревме за тоа кои ќе бидат најголемите фаворити годинава кога станува збор за парчињата облека, во ниту еден момент не смееме да ја заборавиме важноста на модните додатоци.

 

 

Се чини дека годинава што е пред нас девојките повторно целосно се свртеа кон модните класици и минимализмот, па таков ќе биде изборот и кога станува збор за модните додатоци.

Иако модни класици, сепак, варијациите од старите добри модни додатоци годинава со себе носат неверојатна свежина и уживање во секој момент од нивното бирање.

Зависно од вашиот стил и желби, боите кај накитот повторно остануваат во зоната на сребрената и златна нијанса, но овојпат со малку повпечатливи украси што ќе ја разубават секоја една комбинација.

 

 

Девојките се подеднакво вљубени и во „мачкастите“ форми на очила за сонце, како ултимативен хит пред неколку години, но се чини повторно се враќа на голема врата.

За сосема шик изглед, кој неодоливо потсетува на оној на секогаш омилените Французинки, малите свилени марами со интересен принт се ултра кул за посебен шарм на комбинациите, а сезонава можете да ги најдете во безброј варијанти.

 

 

 

Последни, но и не помалку важни се чевлите и чантите како омилени и секогаш најбарани модни додатоци без разлика на трендовите во сезоната. Овојпат, девојките вљубени во минимализмот на пиедестал ја ставија малата црна кожена чанта за преку рамо, која можат да ја носат и во рака.

Заедно со неа, омилени повторно се елегантните мокасини со впечатлив детал во предниот дел, најчесто во црна боја која сосема совршено одговара со секое парче од вашиот плакар.

Ова се дефинитивно петте модни додатоци што ќе остават особен печат оваа сезона, па доколку сè уште не ги одбравте вашите, сезонските намалувања се супер момент за тоа.

 

 

 

 
 
 
26.01.2022.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...