Барај
Новата ера на Rebelde: Каков печат ќе остават новите бунтовници?
БЛОГ

Новата ера на Rebelde: Каков печат ќе остават новите бунтовници?

 

Ако сте од оние кои обожуваат слободното време да го пополнуваат гледајќи серии на Нетфликс, тогаш сигурно ја погледнавте новата, едноставно наречена „Rebelde“ која веднаш нè потсети на едни супер времиња кога познатата теленовела беше тема на разговор на секој тинејџерски собир.

 

 

И да, истата е еден вид продолжение на приказните на омилените ликови од тоа време, но во многу помодерно издание, целосно посветено на љубовта кон музиката.

Сосема очекувано, реакциите на фановите се целосно поделени, па така, ќе прочитате дека освен љубовните приказни нема поради што друго да ја гледате, но има и такви кои посочуваат дека во серијата ќе чуете исклучително добра музика и дека серијата е впрочем подобра од очекуваното.

 

 

Серијата всушност ја следи приказната на новата генерација шик студенти во познато елитно училиште, кои ќе се здружат за да го освојат првото место на натпреварот Battle of the Bands.

Меѓу нив, најголемото внимание го привлекува веќе познатата поп ѕвезда Jana Cohen Gandia која сака сериозно да се занимава со музика и е ултра популарна во новото училиште. Токму таа, која има исклучителен глас, ќе биде дел од новиот омилен бенд заедно со Esteban, Luka Colucci, МЈ, Dixon и Andi сите подеднакво талентирани музичари, жедни за победа.

Најголем дел од фановите се обземени од љубовната приказна на Emilia и Andi, кои ќе посочат дека енергијата помеѓу овие две девојки е она што целосно го „краде“ шоуто.

Сосема очекувано, во моментите кога не носат униформи, момците и девојки изгледаат тотално стилски, комбинирајќи парчиња кои потсетуваат на вистински рок ѕвезди, но и на она како младите сакаат да изгледаат денеска.

Серијата привлече огромно внимание, па така ѕвездите на истата можеме да ги видиме на насловните на шпанскиот Vogue и Elle, облечени во парчињата од последните колекции на некои од најпознатите дизајнери.

 

 

 

Ние длабоко веруваме дека серијата ќе ја достигне популарноста на она што ние обожувавме да го гледаме години наназад, а повеќе од сигурни сме дека модата во истата ќе биде една од најозборуваните следната сезона.

 

 

 

 

 
 

 

12.01.2022.

Остави коментар

Trenutno nema komentara

Слични статии

24.
Jan.
2022.
БЛОГ
Откако во првата бременост секојдневно беше инспирација за многу девојки кои беа во исчекување, прекрасната Рози Хантингтон-Вајтли се чини блесна со комбинац...
21.
Jan.
2022.
БЛОГ
Веројатно веќе знаете дека во тек се сезонските намалувања во чии рамки можете да си ги набавите сите оние парчиња што толку ги чекавте по супер цени, а дел ...
18.
Jan.
2022.
БЛОГ
Одвојте време за супер шопинг и посетете ги продавниците на Guess, Fashion&Friends, Levi’s и Dan John каде токму од денеска, 18.01, намалувањата до...
14.
Jan.
2022.
БЛОГ
Познатите брендови на Fashion Group во својата понуда и оваа зима ги имаат најстилските модели кога станува збор за јакни и зимски обувки, изработени од најк...
10.
Jan.
2022.
БЛОГ
После сите прекрасни празници и уживање во слободните денови, можеби е вистинско време полека да се подготвиме за сите оние обврски што нè чекаат. &...
04.
Jan.
2022.
БЛОГ
Оваа зима, девојките обожуваат да прават all white комбинации, па така многу често на Инстаграм профилите на познатите дами можеме да видиме стајлинг со шик ...
31.
Dec.
2021.
БЛОГ
Иако постојано си потврдуваме дека тоа е така, правејќи рекапитулација на сето она што го направивме изминатата година кога се блоговите во прашање, забележа...
30.
Dec.
2021.
БЛОГ
Иако и главната актерка не нè изневери, сепак, многумина ќе кажат дека вистинската ѕвезда кога се стилските комбинации во прашање, во втората сезона E...
28.
Dec.
2021.
БЛОГ
На само неколку дена од почетокот на новата година и уживање во одбирањето на комбинации за новогодишната ноќ, девојките полека, но сигурно почнаа да ги прав...
23.
Dec.
2021.
БЛОГ
Како и секоја година, така и оваа, ви ја олеснуваме потрагата по најстилските парчиња со наш избор на највпечатливите за кои со сигурност знаеме дека ќе ви п...