Барај
Адел на насловна на Вог: Знам што сакам и дефинитивно знам што не сакам!
БЛОГ

Адел на насловна на Вог: Знам што сакам и дефинитивно знам што не сакам!

 

Веројатно не постои човек во светот што не ги погледна фотографиите и интервјуто на Адел за британскиот и американскиот Вог, но ако сте меѓу оние малкуте, денеска ви го пренесуваме.

 

Прекрасна и шармантна како и секогаш, но со многу килограми помалку, Адел во интервјуата говори за разводот со Сајмон Конецки, за емоционалните фази низ кои поминувала, за нејзиниот 9-годишен син Анџело, но и за огромната желба за вежбање и здравиот начин на живот на кој целосно му се предала.

„Никој од нас не беше повреден или нешто слично. Јас само сакав мојот син да ме види како вистински љубам и да бидам љубена. Тоа е многу важно за мене. Оттогаш, јас сум на вистинско патување да ја најдам мојата вистинска среќа“, вели пејачката за Вог, со најава дека новиот музички материјал треба да излезе на 15-ти октомври. Таа додава и дека им требало многу време за да го совладаат периодот со разводот, бидејќи во истиот беше вмешано и дете кое не смееше да биде повредено. „Јас му верувам со мојот живот. Не можев да одберам подобар човек со кој ќе имам дете. Тој е татко на моето дете, а тоа е една од најдобрите одлуки што сум ја донела во животот“, вели Адел. Таа додава и дека разводот го направил нејзиниот син многу несреќен и дека во оној момент кога ќе ја дознае причината поради која си заминала, причината поради која била несреќна, можеби ќе си прости што го растажила. „Во еден момент, Анџело ме праша: Ме гледаш? Јас му реков да! Бидејќи јас не те гледам тебе“, тоа било всушност клучниот момент кога знаела дека мора да си замине и да стави крај на работите.

 

 

Во интервјуто таа говори и за лошата врска со мажите воопшто како резултат на односот со нејзиниот татко, кој бил отсутен речиси целото нејзино детство. Во оние моменти кога таа почна да стекнува слава, тој продаваше приказни за неа за сериозна сума на пари, иако никогаш не биле во добри односи, ниту пак одржувале контакти. „Токму тој однос ме натера да размислам за мажите, односно да се обидам јас да ги повредам прва, пред тие да ме повредат мене. Тоа беше толку силно чувство за мене, што понекогаш се одразуваше на моето дете. Да, на моето родено дете, иако понекогаш тој само ме прашуваше дали може да оди подоцна во кревет“.

Во интервјуто таа говори и за нејзината сериозна рутина за вежбање која ја доведе до совршената фигура која ја има денеска, но и за тоа колку жените во светот биле повредени од нејзиниот нов изглед. „Знам дека јас бев претставник на една одредена група жени. Поради тоа знам и зошто беа повредени. Но, морам да им кажам дека јас сè уште сум истата личност. Имаше многу лоши разговори и коментари околу мојот нов изглед. Многу бев разочарана. Тоа ги повреди моите чувства“, вели пејачката во интервјуто.

 

 

 

     
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
    -Додава и дека таа никогаш не оди во фитнес центарот со намера да изгуби килограми. Таму оди за да се соочи со нејзината анксиозност која ја има подолго време, а вежбањето навистина и помага. Вежбањето и нејзиното ново момче Рич Пол, многу и помогнале да остане со позитивни мисли. „Во моментов најмалку ми треба некој што не знае што сака. Јас сум 33 годишна разведена мајка на голем син. Јас точно знам што сакам и дефинитивно знам што не сакам“, вели прекрасната британска пејачка.
 
    -Облечена во некои од најголемите модни фаворити за оваа сезона, стилизирана како никогаш претходно, Адел донесе нови „Кетрин Денев“ вибрации во модниот свет деновиве, а не постои ниту еден човек што не го обожава тоа!

 

 

08.10.2021.

Остави коментар

Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Oct.
2021.
БЛОГ
Со оглед на тоа што се ближи студената сезона, првото парче на кое воопшто помислуваме се топлите јакни, кои истовремено се шик, но и сосема доволни да помин...
14.
Oct.
2021.
БЛОГ
Не постои човек што деновиве барем еднаш не го изговорил името на најпопуларната серија на Нетфликс на сите времиња – „Squid Game“!  ...
12.
Oct.
2021.
БЛОГ
Многумина ќе кажат дека најголемите промени се случуваат напролет, но според нас, есента е вистинското време создадено за промени. Повозбудлива од кога и да ...
06.
Oct.
2021.
БЛОГ
Оваа есен се чини повторно акцентот го стави на едноставните парчиња во плакарот, а тоа особено многу им се допаѓа на момците!
04.
Oct.
2021.
БЛОГ
Повеќе од сигурно е дека на светот не постојат постилски девојки од Французинките, а тоа се докажува од сезона во сезона кога на сите оние нови трендови, тие...
01.
Oct.
2021.
БЛОГ
Во очекување на возбудливото отворање на новиот трговски центар во градот East Gate Mall, сега е вистинско време да ви ги откриеме сите новитети што токму та...
30.
Sep.
2021.
БЛОГ
По долга пауза, деновиве во Париз се одржува една од омилените модни недели во чии рамки светски познатите дизајнери досега ги прикажале своите најдобри коле...
28.
Sep.
2021.
БЛОГ
Во неколку наврати говоревме за есенцијалните парчиња облека за оваа есен, па и воопшто, за вистинските класици што секоја дама треба да ги има во плакарот.
27.
Sep.
2021.
БЛОГ
Без разлика на тоа што мислењата за Војвотката од Сасекс, Меган Маркл сè уште се поделени, никој не може да говори негативно за нејзиниот стил.
22.
Sep.
2021.
БЛОГ
„Семејство. Некои велат дека е традиција, ние сакаме да велиме дека се корени. Оние кои остануваат силни и здружени. Место каде сите се поддржуваат. Ме...