Барај
%
×
Live in LEVIS
Панталони со широки ногавици за шик есен!
БЛОГ

Панталони со широки ногавици за шик есен!

 

Во неколку наврати говоревме за есенцијалните парчиња облека за оваа есен, па и воопшто, за вистинските класици што секоја дама треба да ги има во плакарот. Меѓу нив, повеќе од сигурно е дека оваа, па и секоја друга сезона треба да инвестирате во добри панталони, особено ако истите имаат широки ногавици.

 

 

Токму овој модел е еден од најпосакуваните за оваа сезона, благодарение на елегантниот изглед, совршените можности за комбинирање на истиот, како и опциите да ги комбинирате со високи потпетици за во канцеларија, со патики за попладневни прошетки и со чизми за студените денови.

 

Она поради што девојките ги обожаваат овие панталони е тоа што истите се исклучително удобни, па во истите ќе можете да уживате во текот на целиот ден. Нашите брендови веќе ги создадоа првите модели за вистинска стилска есен, а ние денеска ве запознаваме со неколку од нив. Покрај удобноста, девојките ги обожаваат и поради интересните модели со дополнително истакнати детали како шлиц на крајот на ногавицата, впечатливи рабови, големи ремени на половината и секако, бои кои неодоливо потсетуваат на есен.

 

 

Со оглед на тоа што оваа сезона повеќе од кога и да е, дозволено е да се експериментира, не двоумете се и комбинирајте ги и со омилениот дуксер, но не заборавајте и на елегантните моменти како комбинација со шик кошула или палто во иста нијанса за супер впечатлив изглед!

 

 

 

28.09.2021.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...