Барај
Стајлингот на Џеј Ло беше најдобриот момент на годинешните VMA’s
БЛОГ

Стајлингот на Џеј Ло беше најдобриот момент на годинешните VMA’s

 

Кога станува збор за „Video Music Awards“ наградите, повеќе од очекувано е дека ќе видиме кич стајлинзи, или барем голема доза на голотија на која некако навикнавме низ годините.

 

Социјалната мрежа „Твитер“ утрово беше преплавена со коментари за стајлинзите на ѕвездите што се појавија на црвениот килим, а можеби еден од најинтересните беше дека истите се оправдани со оглед на тоа што стилистите подолго време не излегувале од дома поради пандемијата и немале каде да црпат инспирација.

 

За среќа, се чини целиот настан го „извади“ единствената Џенифер Лопез која на сцената се појави како изненадување за да и ја додели наградата на Оливија Родриго за најдобра песна за изминатата година, а нејзините обожаватели не можеа да ја задржат возбудата.

 

Педесет и двегодишната Лопез на настанот се појави во можеби еден од највпечатливите стајлинзи во нејзината кариера, за кој многумина ќе кажат дека и прилегаше едноставно неверојатно!

Облечена во впечатлив топ и уште повпечатливо здолниште со врвки со потпис на Давид Кома, поп дивата уште еднаш докажа дека може да го износи било кое парче без оглед на годините.

 

Иако имаше многу коментари од типот дека појавувањата на пејачката се здодевни, а и Били Ајлиш беше хит на Твитер со нејзиното „невоодушевување“ од дивата, сепак, мора да признаеме дека таа изгледаше одлично за разлика од нејзините колешки.

 Полуоблечени во неумесни парчиња од тантела или кожа, девојките на црвениот килим изгледаа полошо од кога и да е, без разлика на тоа што веројатно дополнително се потрудиле бидејќи јавноста ги немаше видено одамна.

Сепак, самото доделување на наградите беше настан кој не врати некаде во 2000 – тата кога сè ни се чинеше толку возбудливо и музиката беше позабавна од кога и да е.

Погледнете ги познатите како изгледаа на црвениот килим и самите проценете за што говориме!  

 

 Фото: Getty Images 

13.09.2021.

Остави коментар

Trenutno nema komentara

Слични статии

21.
Sep.
2021.
БЛОГ
Меѓу другото, лондонските улици на најшармантен можен начин ги најавија трендовите за следната пролет на кои толку многу им се радуваме.
20.
Sep.
2021.
БЛОГ
Чизмите се избор број еден кога е во прашање студената сезона, па иако септември, модните брендови понудија навистина сериозен избор за сезонава што следи.
14.
Sep.
2021.
БЛОГ
Откако добро нè подготвија за она што можеме да го очекуваме од вечерта, сите омилени ѕвезди во моментов се појавија на најдолгоочекуваниот настан во ...
10.
Sep.
2021.
БЛОГ
Кога говориме за модни детали, веројатно прво нешто што ви паѓа на ум се дефинитивно чантите кои од сезона во сезона стануваат сè подобри.
09.
Sep.
2021.
БЛОГ
Веројатно Hugo Boss е еден од најсофистицираните брендови во нашата групација во чии совршени парчиња нашите клиенти уживаат долги години, па сакајќи да им с...
07.
Sep.
2021.
БЛОГ
Од неодамна на нашата групација и се придружи уште еден исклучително популарен бренд, кој години наназад важи за еден од омилените на девојките.  
03.
Sep.
2021.
БЛОГ
Според првите парчиња кои веќе можете да ги најдете во продавницата на Манго или пак да ги нарачате онлајн, пред нас е студена сезона во која се чини ќе ужив...
02.
Sep.
2021.
БЛОГ
Веројатно и не се изненадивте многу кога ја погледнавте насловната фотографија, но секоја сезона ние мора да повториме дека кул девојките носат парчиња во пр...
31.
Aug.
2021.
БЛОГ
Со збогувањето со слободните денови, веќе знаеме дека пред нас е студената сезона, а со тоа и враќањето на работа, колку и да звучи тоа тешко.
30.
Aug.
2021.
БЛОГ
Долче и Габана сосема во нивен стил пристигнаа во Венеција да ја претстават нивната нова колекција во рамки на Алта Мода која можете да замислите дека беше и...