Барај
%
×
Live in LEVIS
Неодоливо намалување за 17 -тиот роденден на омилениот Hugo Boss
БЛОГ

Неодоливо намалување за 17 -тиот роденден на омилениот Hugo Boss

 

Веројатно Hugo Boss е еден од најсофистицираните брендови во нашата групација во чии совршени парчиња нашите клиенти уживаат долги години, па сакајќи да им се заблагодариме за целата доверба, денеска и утре имате можност да добиете намалување од -20% по повод роденденот на брендот.

 

Намалувањето се однесува на сите парчиња од колекцијата есен/зима 2021 кои можете да ги видите на следниов линк и да си одберете од исклучително стилските производи кои дополнително ќе ви ја разубават есента.

 

Познат по уникатните и секогаш впечатливи парчиња, Hugo Boss остава печат и оваа студена сезона со новата колекција полна стилизирани капути, џемпери за секоја шик пригода, костими за сите оние важни состаноци, но и тренерки и јакни за уживање во слободните денови.

 

Кога размислуваме за современите икони на софистицираниот стил, на ум дефинитивно први ни доаѓаат момците кои се вљубени во парчињата на Hugo Boss, а така ќе биде и оваа, но и многу други сезони кога новите колекции само ќе стануваат подобри.

Токму поради тоа, сега е време да инвестирате во нивните класици и да ги набавите по супер цени, за да уживате во истите уште многу сезони понатаму. Она што знаеме дека ќе ги израдува дамите е тоа што како заштитно лице на новата колекција за студената сезона се појавува неодоливиот актер Крис Хемсворт, кој на најдобар можен начин ја претставува колекцијата.

Истата е сосема соодветна доколку го барате вистинскиот подарок за партнерот, но и за некој драг во вашиот живот за чиј стил ќе се согласите дека е и повеќе од исклучителна.

Овој четврток е како создаден за шопинг во Hugo Boss по одлични роденденски цени!

 

09.09.2021.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...